Агенцијата е основана во ноември 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. 

Туристичката агенција САМА ХОЛИДЕЈ е организирана во сектори за: авио резервации и билети, сектор за организација на патувања и хотелски резервации во земјата и странство, сектор за трансфери и транспорт, како и дирекција со сметководство.

Секторот за организација на патувања и хотелски резервации во земјата, е препознатлив по добро организираните програмски дестинации, како и програми направени според желбата на групите и индивидуалците.

Секторот за продажба и резервација на авио билети, има добро подготвен персонал со меѓународно искуство, како и искуство стекнато во агенцијата од 1990 година па се до денес. Вработените имаат IATA сертификат во своето досие, вклучувајќи ги и сертификатите за работа со програмите за продажба на авиобилети. Спремни да ви ги понудат најдобрите опции за вашите летови, за чија резервација, цени и ред на летање можете бесплатно да се информирате во нашата агенција.

Секторот за транспорт, обезбедува трансфери за возила од најразличен капацитет, со професионални возачи: комбиња до 6 патници, минибуси до 15 патници, како и автобуси од 49 до 73 патници.

Според важечкиот Закон за Туризам од 2003 г. и последните измени од 2008 година, САМА ХОЛИДЕЈ поседува "Б" лиценца доделена од Министерство за економија на РМ.

Полн назив на компанијата:

Друштво за туризам, угостителство трговија и услуги САМА ХОЛИДЕЈ дооел,

АДРЕСА: Република, Македонија 1400 Велес, ул. 11-ти Октомври бр. 13

тел. факс: +389 43 231 221

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА САМА ХОЛИДЕЈ е член на АТАМ (Асоцијација на туристички агенции на Македонија) и член на СКТМ (Стопанска комора за Туризам на Република Македонија)

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 20.00

Сабота 09.00 - 15.00

Top