fbpx

НОВА ГОДИНА во ИСТАНБУЛ , Авион

  • Понудата е објавена на 20/10/2020
ИСТАНБУЛ – АВИОНСКИ  ПРЕВОЗ
 
Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.
Главниот град на 3 империи ќе Ве освои бидејќи не е само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители .
За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете се за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и се така до недоглед…
 
1ден  30.12.2020 (Среда)
Состанок на групата на аеродром  два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 09:05 со бр. на лет TK 1004. 
Слетување во Истанбул во 12:40 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: Предлог-Прошетка по Лалели, посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот, посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор-Мармарис, Посета на Karakoy –место со премногу улички со кафичи, една од нив е познатата улица на чадорите…
Ноќевање.
2ден  31.12.2020 (Четврток)  
Појадок. По појадокот, Факултативно- разглед на градот со стручен водич: Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња;  Аја Софија – црква, џамија, музеј.... и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустинијан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата веднаш ја претворил во џамија, а Кемал Ататурк во 1935 од Аја Софија направил Музеј. Од 10 јули оваа година Аја Софија повторно се користи како џамија.  Посета на Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија, една од 14-те Автокефални православни цркви, Посета на Pierre Loti, познато место од каде се пружа најубавиот поглед на Истанбул.  Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.  
ПРЕДЛОГ-ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр (индивидуално). Враќање во хотел.
Ноќевање
 
3ден  01.01.2021 (Петок)
Појадок. Факултативна посета на најубавата султанска палата  Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич. Градена во Европски стил во 19 век е една од најгламурозните палати во светот, се во Палатата зрачи со луксуз. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Палатата Долма Бахче, Јилдиз Палатата , Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна  и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир. 
ФАКУЛТАТИВНО –Реприза на Новогодишна забава, Посета на ресторан во срцето на Истанбул: најпознатото традиционално Турско ноќно шоу со вечера, пијалок и ориентална програма со музика и танчерки. 
Враќање во хотел. Ноќевање.
 
4ден  02.01.2021 (Сабота)
Појадок. Одјавување од хотел до 12:00. Слободно претпладне за индивидуални активности. Предлог: Посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) 
Враќање во хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 16:00. Полетување за Скопје во 20:10 со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:50
 
Хотел Grand Washington 4* -  179еур
 
Во цената се вклучени следниве услуги:
Организиран трансфер: аеродром-хотел-аеродром
3 ноќевања со појадок во хотел Grand Washington 4*на Лалели  www.grand-washington.com 
Организација и пратител  на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Аеродромски такси 120 еур – 7416 мкд
Целодневен разглед на градот со локален водич, превоз и влезници за Топ Капи и Аја Софија (65 евра)
Посета на Палатата Долма Бахче и крстарење по Босфор (68 еур со вклучена влезница, превоз и водич)
Посета на ресторан Kervansaray – 50 еур (вечера, пијалок, ориентална програма и трансфер)
Патничко и здравствено одигурување 185 мкд
Важна напомена:
Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето 
Краен рок за пријавување 15.12.2020, Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ
 
Организатор на патувањето: Партнер агенција на Т.А Сама Холидеј
 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top