fbpx
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота.  Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос  се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.
 
Вилата „Vaia“ се наоѓа на само 120 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите  имаат опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Кујните и купатилата во вилата се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди.
Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
 
-7% попуст за целосна уплата до 31.03.2022
Вила „Vaia” - Јерисос
Термин: Ноќевања: 1/2 апартман 1/3 апартман 1/4 апартман
(со две соби)
26.05-05.06.2022 10 190 € (11.780 ден.) 220 € (13.640 ден.) 270 € (16.740 ден.)
05.06-15.06.2022 10 250 € (15.500 ден.) 280 € (17.360 ден.) 330 € (20.460 ден.)
15.06-25.06.2022 10 330 € (20.460 ден.) 370 € (22.940 ден.) 420 € (26.040 ден.)
25.06-05.07.2022 10 370 € (22.940 ден.) 420 € (26.040 ден.) 470 € (29.140 ден.)
05.07-15.07.2022 10 430 € (26.660 ден.) 470 € (29.140 ден.) 520 € (32.240 ден.)
15.07-25.07.2022 10 460 € (28.520 ден.) 520 € (32.240 ден.) 570 € (35.340 ден.)
25.07-04.08.2022 10 460 € (28.520 ден.) 520 € (32.240 ден.) 570 € (35.340 ден.)
04.08-14.08.2022 10 460 € (28.520 ден.) 520 € (32.240 ден.) 570 € (35.340 ден.)
14.08-24.08.2022 10 460 € (28.520 ден.) 520 € (32.240 ден.) 570 € (35.340 ден.)
24.08-03.09.2022 10 430 € (26.660 ден.) 470 € (29.140 ден.) 520 € (32.240 ден.)
03.09-13.09.2022 10 330 € (20.460 ден.) 370 € (22.940 ден.) 420 € (26.040 ден.)
13.09-23.09.2022 10 230 € (14.260 ден.) 270 € (16.740 ден.) 320 € (19.840 ден.)

 

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

Прочитано 2047 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2022

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top