- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
- Цена на повратен билет –40 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Вилата „Maria“ се наоѓа на само 80 метри од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.
Агенцијата, организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
-7% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.03.2022
Галерија
View the embedded image gallery online at:
http://www.samaholiday.com.mk/odmori/grcija/item/2218-vila-maria-jerisos#sigProGalleria6a7113a2dc
http://www.samaholiday.com.mk/odmori/grcija/item/2218-vila-maria-jerisos#sigProGalleria6a7113a2dc