fbpx

Куќа „Јоргос“ е лоцирана кон крајот на Дионисиос во мирна уличка, на околу 100 метри од песочната плажа. Околу неа има слободни места за паркинг.
Располагаме со 3 апартмани и еден дуплекс апартман, што подразбира дека и двокреветните и трикреветните единици се со одвоена спална соба од комплетно опремената кујна. Истите се реновирани и убаво, квалитетно опремени. Дуплекс апартманот се состои од две одвоени спални соби со по еден брачен – француски кревет и две тераси, како и голема кујна во трета просторија.
Сите имаат ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.

Попуст за рана резервација:
– 15% за вонсезонски цeни / – 20% за сезонски цени
за 50% уплата заклучно со 31.01.2022
и целосна доплата  20 дена пред терминот на патувањето
ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
22/05-29/05 7 79 40
29/05-05/06 7 99 40
05/06-12/06 7 119 40
12/06-19/06 7 159 40
19/06-26/06 7 179 40
26/06-03/07 7 199 40

*Задолжителна доплата за 3-то и 4-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица во дуплекс апартманот

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА ДВОКРЕВЕТЕН АПАРТМАН ТРОКРЕВЕТЕН АПАРТМАН ЧЕТИРИКРЕВЕТЕН ДУПЛЕКС АПАРТМАН
03/07-10/07 7 419 459 549
10/07-17/07 7 429 479 569
17/07-24/07 7 449 499 599
24/07-31/08 7 449 499 599
31/07-07/08 7 449 499 599
07/08-14/08 7 449 499 599
14/08-21/08 7 449 499 599
21/08-28/08 7 439 489 579

 

ТЕРМИНИ НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
28/08-04/09 7 199 40
04/09-11/09 7 159 40
11/09-18/09 7 119 40
18/09-25/09 7 89 40
25/09-02/10 7 79 40

*Задолжителна доплата за 3-то и 4-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица во дуплекс апартманот

Напомени и услови:
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува 10 евра (620 денари).
Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплатата за трето лице од 40 евра (без разлика дали користат превоз).
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)
За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Прочитано 617 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Работно време Октомври -Март

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 09.00-13.30

Top