fbpx

Вилата ANASTASIOS се наоѓа на оклу 150 метри од песочната плажа, во убаво уреден двор веднаш до Вилата Магас. Нејзината внатрешна организираност, се каракеризира со убаво уредени (1/2 и 1/3) студија, распоредени на првиот кат. Во близина на вилата се неколку супер маркети, продавници и ресторани.


* За резервација со "EB" попуст, 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата.
* Можност за користење на неискористените ваучери од Лето 2020.

Цените се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред во ANASTASSIOS е бесплатна (каде што е достапен),
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (секоја Недела): 40 € (30 € за деца 2-12 год)
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 10 € по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред резервирани за персоналот.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2022 година, или до објава на нов ценовкик.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Корисни информации
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 10 € .
* Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Услови на плаќање
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):
- 50% од вредноста на резервацијата се уплатува во моментот на правење на резервацијата, или до истекот на периодот на претпродажба "EB", според понудата.
- 50% од вкупната вредност на услугите, се доплатува до 21 ден пред датумот на почеток на услугите.
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

НАПОМЕНА:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа
уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

КОВИД ГАРАНЦИЈА:
Во случај на отказ на резрвацијата до 31.03.2022 г. поради доле наведените причини, се гарантира целосна рефундација на уплатените средства на патникот.
* Доколку врз резервацијата влијаат околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 или пак новите протоколи за патување и заштита кои не биле актуелни во времето на објавување на понудите и направената резервација, по барање на патникот целосно ќе му биде рефундиран уплатениот износ за направената резервација или истата ќе биде променета со нов термин за престој во објектот/хотелот.
* Како околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 се подразбираат: затворање на граничните премини, ограничувањата за патување во Грција, ограничувањата на условите за излез и влез во земјата од која заминува или кон која патува патникот, или при болест предизвикана од Covid 19 (со потврда на позитивен ковид-тест).

Прочитано 14293 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2022

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top