fbpx

Боровец е најстариот и најпопуларен ски центар во Бугарија, сместен на падините на планината Рила на која се наоѓа и највисокиот врв на Балканот . Од Софија е оддалечен 80км., од Скопје окулу 220км. а најблизок град му е Самоков )на окулу 10км.) кој е богат со најразлични културно историски знаменитости. Боровец се развил во модерен ски-центар со луксузни хотели од висока категорија, ресторани, дискотеки, продавници и голем број на ски терени и ски лифтови. На располагање има 15 патеки од кои 3 се опремени со топови за вештачки снег како и за ноќно скијање. Ски патеките се прилагодени како за почетници така и за оние најискусните во овие спортови. Падините на Боровец се под снег најчесто од декември па се до април. Совршената комбинација на локација, клима и географска положба на Борoвец привлекува секоја година огромен број на туристи од цела Европа.

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top