ЛУКОВСКА БАЊА

  • Понудата е објавена на 16/10/2017

8.ДЕКЕМВРИ ВО ЛУКОВСКА БАЊА

(ОФИЦИЈАЛНО ОТВАРАЊЕ НА СКИ СЕЗОНАТА НА КОПАОНИК)
(08.12.2017 – 10.12.2017)

Прв ден: 08.12.2017 год. (петок)
Поаѓање на групата кон Србија преку граничниот премин Табановце со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне. Бањата се наоѓа во јужна Србија, на источните падини на планината Копаоник на надморска висина од 681 метар. По бројот на изворите со минерална вода кои имаат различен состав и температура спаѓа меѓу најбогатите во земјата. Чистиот планински воздух создава исклучително поволни услови за лечење на анемија, астма и бронхит, како и за опоравување после тешки болести, а термалната вода со температура од 33-35 степени целзиусови лекува ревматизам, остеопороза, како и разни видови кожни и дигестивни заболувања. Сместување во хотел „Копаоник“ 3*** (www.lukovskabanja.com) во двокреветни соби. Одмор од патувањето. Ручек во ресторанот на хотелот (класично послужување). Слободно време за користење на Wellness центарот во хотелот (солена соба, парно купатило, сауна, џакузи када, тепидариум, весели тушеви ). Гостите можат бесплатно да го користат внатрешниот и надворешниот базен со термална вода. Вечера. Ноќевање.

Втор ден: 09.12.2017 год. (сабота)
Појадок. Заминување на групата кон Копаоник (факултативно) , најголемиот ски центар во Европа каде овој викенд ќе биде официјално отворена ски сезоната 2017/2018. На ски стазите е најавена целодневна забава со популарни бендови, ски натпревари, санкање, модни ревии...Овој познат зимски туристички центар само за време на минатогодишното отварање привлече повеќе од 15.000 туристи кои дојдоа да уживаат во снежните игри. Во попладневните часови враќање кон хотелот. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 10.12.2017 год. (недела)
Појадок. Слободно време за користење на топлите базени. Љубителите на пешачењето имаат можност да ја посетат црквата „Свети Ѓорѓи“ која се наоѓа на камен рид наречен Ненадов камен на 975 метри надморска висина од каде има прекрасен видиковец. Црквата е оддалечена околу 1900 метри од хотелот. Ручек. Заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......99 евра...(6.140 денари)
(плаќање исклучиво во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус
- Два полни пансиони во хотел „Копаоник“ 3*** (менито е класично послужување)
- Двочасовно бесплатно користење на Wellness центарот во хотелот (солена соба, парно купатило, сауна, џакузи када, тепидариум, весели тушеви )
- Бесплатно користење на внатрешниот и надворешниот базен
- Туристички придружник за време на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Посета на ски центарот Копаоник -10 евра
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба – 15 евра од ден
Услови за деца: До 5 години бесплатно; деца од 5-10 години плаќаат 50% од цената
Во случај на сопствен превоз, цената на аранжманот се намалува за 10 евра по лице

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 20.00

Сабота 09.00 - 15.00

Top