КУБА - РОМАНТИКА, САЛСА ...
07.03.2018-18.03.2018

9 нокевања

Варадеро - најексклузивното и најпознато летувалиште во Куба во која се уште владеат браќата Кастро, се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана и денеска е еден од најзначајните туристички центри на Карибите.

Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи. Исто така, Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет. Но, Куба е позната и по Че Гевара (Che Guevara),песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, Кубанските цигари , кубанската музика...

Јастози, корали, подводни карпи, риби,желки, стари бродови – се само дел од тоа што можете да го видете нуркајќи. Прекрасна работа е што температурата на водата никогаш не се спушта под 24 степени, па дури ни во зима.Идеален период за посета е од декември до месец мај .

 

Хотел

Услуга

По лице во двокреветна соба

Доплата за еднокреветна соба

Трет возрасен во двокреветна соба

1 дете до 11.99 години

2 дете до 11.99 години

Sol Sirenas Coral****

Се Вклучено

1274€

1569€

1199€

788€

1138€

***Пормотивна цена за уплата до 30.10.2017

1098€

1393€

1021€

613€

963€

 

1. Ден: Скопје - Истанбул
Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 18.00 часот .Полетување од Скопје во 20.40часот .

2. Ден:Истанбул-Хавана-Варадеро
Слетување во 00.20 во Истанбул .Полетување од Истанбул во 02.10 и пристигнување во Хавана во 09.00. По завршување на пасосшка и царинска контрола, трансфер до избраниот хотел во Варадеро. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа.

3-10 Ден-: Варадеро
Можност за дополнителни ексурзии: Патување со катамаран, целодневна екскурзија со времетраење од 8 часа со бесплатни коктели, музика и забава. На Островот Cayo Blanco - ручек, салса танцување и коктели. Нуркање во близина на Островот Cayo Blanco.

Можност за дополнителна екскурзија - Guama Tour, целодневна екскурзија со времетраење 8 часа, патување низ провинција Matanzas - една од најубавите во Куба. Пристигнување во Guama и оттаму со глисер ќе стигнете до индијански населба -тоа е возбудливо патување со чудесна Панорама. Продолжувате со посета на фарма за крокодили. Ручек во локален ресторан. ..

11.ден: Хавана - Варадеро
Појадок. Трансфер до Хавана. Полетување од Хавана во 10.00 часот и слетувате наредниот ден во Истанбул во 10.15 часот.

12. Ден: Полетување од Истанбул во 20.10 и слетувате во Скопје во 19.40 часот ..

Во цената на аранжманот е вклучено :

• Авиобилет на релација Скопје-Хавана-Скопје (Со вклучен багаж)
• трансфер на релација аердром-хотел-аердром
• 9 ноќевања со вклучен услуга во хотел избран од табелата

Придружник од агенција

Цената на аранжманот не вклучува :

-аердромски такси 316€
- инидивидуални трошкови
-факултативни излети
-Излезна такса од Куба (15 – 25 песози, се плаќаат на аеродромот при напуштање на државата)

Напомена :

-Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6месеци од терминот на патување

Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот , агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот .
-Цената е загарантирана само доколку има уплата од 50% депозит за време на резервација и е неруфундабилен во случај на отказ .

Напомена:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена

 

 

Прочитано 113 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 20.00

Сабота 09.00 - 15.00

Top