fbpx
ЕГЗОТИЧНИОТ ТАЈЛАНД - ОСТРОВ ПУКЕТ
Период на патување: 01.04.2021 – 09.04.2021
 
9 дена/6 ноќевања
Цена од: 929€ со вклучени аеродромски такси и виза
 
1-ви ден 01.04.2021: Софија – Истанбул -ПУКЕТ
Состанок на групата на Мегународниот аеродром во Софија, 2 часа пред летот. Полетување кон Пукет со едно преместување.
 
2-ри ден 02.04.2021: ПУКЕТ
Пристигнување на аеродромот во Пукет. Пречек од страна на претставник од партнер компанијата во Пукет и трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
3-ти ден 03.04.2021: ПУКЕТ/Phi-Phi Islands
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или целодневна екскурзија до островите Пи-Пи (Phi Phi Islands) со вклучен ручек (доплата на лице место по цена од околу 90 евра по лице, со времетраење од околу 8 часа). Од пристаништето, со брз брод се упатуваме кон островот Маја Беј (Maya Bay), каде е сниман филмот “Плажа”. Слободно време за пливање во кристалните води на Loh Samah и лагуната Pileh, разглед на пештерата Викинг (Viking Cave) – дом на ластовиците, ќе ги нахраниме жителите на “Плажата на мајмуните” (Monkey Beach) и ќе уживаме во прекрасниот подводен свет на големиот корален гребен Хин Кланг (Hin Klang). Пауза за ручек на приватната плажа на Phi Phi Natural Resort. По заврушување на паузата следува слободно време за пливање и нуркање на островот Bamboo Island. Враќање во хотел околу 18 часот. Ноќевање.
 
4-ти ден 04.04.2021: ПУКЕТ/Patong Beach
Појадок во хотел. Слободно време за плажа, одмор и забава на еден од најубавите острови на Андманското море (Andaman Sea). Едноставно препуштете се на бескрајните бели песочни плажи, кристално чистото море, многубројните продавници и угостителски објекти каде ќе уживате во изборот на морска, интернационална и тајландска кујна и секогаш насмеаните локални жители. Не пропуштајте ја енергијата која зрачи од плажата Патонг (Patong Beach), каде се лоцирани најдобрите ноќни клубови овде. Ноќевање.
 
5-ти ден 05.04.2021: ПУКЕТ/FantaSea Show
Појадок во хотел.Слободно време за плажа и ужување. Во вечерните часови можност за посета на вечерна програма (FantaSea show), со доплата на лице место, по цена од 50 евра по лице. Најспектакуларната претстава на островот Пукет во Тајланд која го носи името FantaSea Show Phuket. Стотици уметници и живи животни, преку танц и акробации за момент ќе Ве одведат во светот на магијата и фантазијата. На површина од 57 хектари претставува најголем забавен парк на островот, кој секојдневно е посетуван од страна на илјадници туристи. Ноќевање
 
6-ти ден 06.04.2021: ПУКЕТ  
Појадок во хотел. Слободно време за одмор и истражување на островот. Ноќевање.
 
7-ми ден 07.04.2021: ПУКЕТ/Phang Nga/James Bond Island
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активнсти или дополнителна екскурзија до заливот Панг-Нга (Phang Nga) и островот на Џејмс Бонд (James Bond) со вклучен ручек (доплата на лице места по цена од 85 евра по лице, со времетраење од околу 9 часа). Маршутата започнува со трансфер од хотелот до марината, од каде со брз брод се упатуваме кон заливот Панг-Нга (Phang Nga) и островот Панак (Panak Island). Ќе го посетиме и островот Кох Тапу (Koh Tapu Island) познат како островот на Џејмс Бонд (овде се снимани дел од сцените во еден од филмовите тој лик). Потоа, возејќи се со кану ќе поминеме низ мангровите шуми, а во муслиманското село Кох Пани, изградено од дрвени столбови, ќе направиме пауза за ручек (вклучено во цената). Слободно време за плажа и нуркање на островот. Враќање во хотел околу 18:00 часот. Ноќевање.
 
8-ми ден 08.04.2021: ПУКЕТ - Софија
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ островот. Во вечерните часови напуштање на хотелот (late check out). Следува организиран трансфер до аеродромот.
 
09-ти ден 09.04.2021: ПУКЕТ – Истанбул – Софија
Појадок во хотел. Полетување од Пукет кон Скопје со едно преместување. Пристигнување во Скопје
 
 

Хотел

    

Тип на соба

Цена по лице во двокреветна соба

Еднокреветна соба

Трет возрасен на дополнително легло

Ashlee HUB Patong 3*

Deluxe Room

839 Евра

968 Евра

895 Евра

The OLD Phuket Karon 4*

Deluxe Sino Wing Room

945 Евра

1118 Евра

970 Евра

 Andaman SeaView 4*

Superior Room

965 Евра

1700 Евра

955 Евра

Deevana Plaza Patong 4*

Deluxe City View

995 Евра

1155 Евра

1015 Евра

Hotel Burasari 4*

Premier Room

1085 Евра

1397 Евра

1110 Евра

Hotel Duangjitt 4*

Premier Deluxe Room

1096 Евра

1420 Евра

1162 Евра

 
 
Цената е изразена по лице и истата вклучува:
Авионски билет на релација Софија-Истанбул-Пукет-Истанбул-Софија со вклучен багаж од 40 кг., распределен како 2х20кг. или еден до максимум 30 кг.
Аеродромски такси;
Трансфер хотел – аеродром- хотел ;
7 ноќевања со појадок на Пукет според избор од понудата;
Цената не включва:
Виза за Тајланд – 90 евра (АтлантиС посредува за тајландска виза);
Оброци освен оние кои се наведени во програмата;
Трошоци од личен карактер;
Дополнителна ексурзија до островите Пи-Пи – 90 евра по лице со вклучен ручек;
Дополнителна екскурзија до заливот Панг-Нга и островот на Џејмс Бонд – 85 евра по лице со вклучен ручек;
Вечерна шоу програма (FantaSea Show) – 50 евра по лице;
Неопходни документи:
Мегународен пасош со валидност повеќе од 6 месеци;
Фотографија со пасошки формат 2” x 2” (600x600 pixels);
Формулар за виза
Услови за резервација :
Уплата на 50% депозит при резервација.
Доплата на аранжманот до 30 дена пред рализација на истиот;
Понудата е валидна за бројка од минимум 18 патници;
Цените на екскурзиите се пресметани по курс USD-EURO
За ова патување нема потреба од медицински барања за имунизација;
Краен рок за известување за реализација на програмата – 30 дена пред почеток на патувањето;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на настаните од програмата;
Рокови за отказ и пенали:
За отказ до 60 дена пред реалзција на патувањето не се задржува пенали;
Помеѓу 60-от и 30-от ден пред реализација на аранжманот, се задржува уплатениот депозит;
Помеѓу 30-от и 20-от ден пред реалзиација на аранжманот се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
При отказ во помалку од 20 дена пред реализација на аранжманот, се задржува 100% од вредноста на аранжманот.
Промена на име на патник до 15 дена пред тргнување се врши без доплата.
НАПОМЕНА : Задолжително патничко осигурување.

Прочитано 2629 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 08.30 - 17.00

Сабота 09.00-13.00

Top