fbpx

Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-театолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња.Малдивите се познати посвоите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температуритена водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Главни индустрии се туризмот и рибарството. Природните убавини се магнет за туристите и воедно туризмот претставува најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.

МАЛДИВИ
Промотивна индивидуална понуда за рајските Малдиви

ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ • АСИСТЕНЦИЈА • ТРАНСФЕРИ

ФЕВРУАРИ

Хотел Услуга Тип на соба Цена
Fihalhohi Maldives 3+* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба 2.220 €
Sheraton Maldives Full Moon Resort & Spa 5* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 2.490 €

МАРТ

Хотел Услуга Тип на соба Цена
Equator Village 3+* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба 1.730 €
JEN Maldives Malé by Shangri-La 4* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 1.850 €

Напомени

Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари

ФЕВРУАРИ Детали од лет
TK1004 22FEB SKPIST 0845 1220
TK 734 22FEB ISTMLE 2225 0800+1
TK 735 01MAR MLEIST 0940 1555
TK1005 01MAR ISTSKP 2025 1955

МАРТ Детали од лет
TK1004 12MAR SKPIST 0845 1220
TK 734 12MAR ISTMLE 2225 0800+1
TK 735 20MAR MLEIST 0940 1555
TK1005 20MAR ISTSKP 2025 1955

Во цената е вклучено:

Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
Aеродромски такси;
7 ноќевања во наведениот хотел, наведен тип на соба / наведена услуга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром со хидроглисер или хидроавион;
Цената не вклучува:

Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
Факултативни тури
Други индивидуални трошоци
Патничко осигурување
Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).

Услови:

При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
Задолжително патничко осигурување
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

МАЛДИВИ - РАЈСКИ ОСТРОВИ
Ова е единствената држава која всушност претставува архипелаг од околу 1190 острови, групирани во 26 атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан на површина од речиси 90.000 км2. Островите се населени повеќе од 2500 години а моментално ги населуваат околу 390.000 жители, од кои повеќето живеат во главниот град Мале. Интересн податок е што на Малдивите највисоката надморска височина на копното е само 1.5м. Коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови прават своевидна природна бариера која го смирува океанот и ги чува островите и нивните жители безбедни и настрана од разорните океански бранови, со векови наназад. Синоними за овие острови се лагуните со неверојатно бел корален песок, кристално чистата тиркизна вода, тропската вегетација која изобилува со кокосови палми, како и прекрасниот и необичен подводен свет. Доколку рајот постои, тој би бил токму - Малдивите.


Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 24 до 33 степени, влажноста на воздухот е висока, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Со оглед на тропската природа и екваторијалната позиција, дождовите се честа појава на Малдивите, но сепак се претежно од краткотраен карактер и тешко можете да ги предвидите. Се појавуваат одеднаш без предупредување и за брзо време исчезнуваат. Иако нема изразена климатска сезоналност, се смета дека дождовите повеќе се присутни во периодот јуни – Октомври, а помалку во периодот Ноември - Април. Така, Малдивите претставуваат идеална дестинација за егзотичен тропски одмор во текот на целата година, со тоа што се смета дека највисоката сезона е периодот од Декември до Март, додека пониска и поевтина сезона е периодот Јуни - Август.
Туристичката понуда на Малдивите е во главно организирана на начин што обезбедува навистина уникатно и тропско искуство за туристите, но сепак со сите актуелни и модерни содржини и погодности. Повеќето хотели се сместени на свои острови (еден хотел е еден остров) а собите се распоредени во вили низ островот, на плажите непосредно до самиот океан. Актуелни и интересни секако се и вилите на вода кои се доста чести на Малдивите, но очекувајте цените за истите да бидат поскапи. Иако собите на вода се своевидна атракција, според многу сместувањето во поевтините соби на копно е поавтентично и порелаксирачко искуство - соба со тераса која излегува на песочна плажа под палми, со приватни лежалки… Сите опции се прекрасни на Малдивите.

САМА Холидеј располага со обемна понуда за Малдивските Острови. Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување.

Контакт Информации
Канцелариски телефони:

☎ + 389 43 231 221
☎ + 389 43 212 320
☎ + 389 78 730 777

e-mail: 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Продажнa канцелариja:

30 години на препознатлива локација, во сопствени простории

Прочитано 2851 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top