fbpx

Мексико

19.11 – 01.12.2021 | 10 ноќи - 13 дена | Лет од Скопје
Канкун + Тура по стапките на Маите + Плаја Дел Кармен
 
Untitled1
Мексико се смета за една од најпопуларните туристички дестинации. Испреплетеноста на традиционалниот со модерниот живот овозможува Мексико да нуди многу разновидности - уникатни археолошки локалитети од древни цивилизации и населби на Маите и Ацтеките; мали колонијални градови со зачувана архитектура уште од времето на шпанските освојувачи, но и големи и модерно развиени градови; пустини, тропски прашуми, планини, вулкани, песочни плажи....
Културата на Маите била особено присутна и се развивала на Јукатан - полуостров лоциран на југоисточната страна од Мексико, помеѓу Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на Југ. Во оваа област Маите го достигнале зенитот во својот супериорен степен на развој, по што нивната цивилизација и влијанија ги прошириле се до Централна Америка. Остатоците од нивните номадски населби датираат од 1.500 година п.н.е. и сведочат за маестралните градежни техники, како и за напредните математички и астрономски познавања. Тие развиле структура на пишување користејќи симболи и хиероглифи, преку што успеале да ги овековечат нивните гледишта на работите, светот и животот. Канкун е град во Мексико кој своевремено од мало село се има развиено во едно од најпрестижните дестинации во тој дел од светот. Се наоѓа на североисточниот дел од полуостровот Јukatan, во сојузната држава Kintana Ro, на 22км долг полуостров опкружен со водите на Карипското Море. Поделен на два дела-елитно туристичка, хотелска зона лоцирана по должина на плажите од полуостровот; и градската зона со модерни булевари, ресторани, продавници, пазари и места каде циркулира животот на локалното население. Канкун е одлично место за љубителите на забавата и ноќниот живот, но има многу пријатни и мирни места за туристите кои преферираат спокоен тропски одмор, особено во околните туристички места како што е Плаја Дел Кармен – прекрасен туристички центар со луксузни хотели распослани низ белите плажи окулу ова племенито градче. Освен по долгите бели песочни плажи и забавата, овој туристички регион е особено атрактивен поради блискоста до значајните локалитети од историјата на Маите, како што се Чичен Ица, Тулум, Ушмал, Коба, итн...
 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден (19.11 | петок): СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАНКУН
Состанок на патниците нa Скопскиот Аеродром во утринските часови според претходно договорено време. Полетување за Истанбул во 09:05 часот со лет ТК1004. Пристигнување во Истанбул во 12:40 часот. Полетување за Канкун во 21:35 часот со лет TK181.
2 ден (20.11 | сабота): КАНКУН
Пристигнување во Канкун во 08.25 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на локален партнер и трансфер до 4* хотел на плажа во туристичка зона на Канкун (Oasis Palm 4*, или сличен). Сместување во соби според правилата на хотелот, на база Се Вклучено. Слободно време за одмор, уживање на плажа или за индивидуални разгледи. Ноќевање.
3 – 5 ден (21.11–23.11 | нед – вто): КАНКУН
Слободни денови за индивидуални активности, одмор и уживање на All Inclusive во хотелот во Канкун. Пливање, масажи, песочни плажи и тиркизно топло море, зајдисонца, музика, коктели, забава... Канкун нуди се!! 3 ноќевања во хотелот.
6 ден (24.11 | среда): КАНКУН – ТУЛУМ – КОБА – МЕРИДА
По појадокот, со спакуван багаж се упатуваме од Канкун кон Мерида и започнуваме со авантурата по стапките на Маите. Попатно се посетуваат неколку значајни локалитети од нивната цивилизација. Започнуваме со величенствениот Тулум – еден од најважните приморско-трговски градови на Маите. Овој древен град, сместен на брегот на Карипското Море, бил многу значаен за големата трговска мрежа што Маите ја воспоставиле со Централна Америка. Потоа се упатуваме кон Коба - најстариот и најголемиот град на Маите, кој своевремено бил комерцијален центар со развина мрежа на патеки кои го поврзувале со други важни градови. Во овој огромен археолошки локалитет вгнезден во густите јукатански џунгли се наоѓа една од највисоките пирамиди на Јукатан – пирамидата Ишмoja (Ixmоја), на која сеуште е дозволено искачување до самиот врв. Продолжување кон Мерида, каде се стигнува во доцните попладневни часови. Сместување во хотелот во Мерида. Слободна вечер за индивидуални активности и прошетки низ овој прекрасен колонијален град каде разиграниот дух на локалното население сигурно ќе ве расположи. Ноќевање.
7 ден (25.11 | четврток): МЕРИДА – КАБА – УШМАЛ – МЕРИДА
Појадок и поаѓање во уште една интересна, целодневна тура во внатрешноста на Јукатан. Ќе ги посетиме Ушмал и Каба, древни градови на Маите во кои ќе имаме можност да научиме многу за нивната историја, култура, уникатна “Puuc” архитектура и мајсторска техника во конструкцијата. Ќе ги запознаеме дел од Мајанските богови меѓу кои и најдоминантниот “Chaac” – богот на дождот, молњите и бурите, чие препознатливо лице се забележува често во овие градби. Притоа, разгледувајќи ги локалитетите и возејќи се со автобусот ќе уживаме во прекрасните природни убавини во овој дел од Мексико. Враќање во Мерида. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
8 ден (26.11 | петок): МЕРИДА – ЧИЧЕН ИЦА – ВАЉА ДОЛИД – ПЛАЈА ДЕЛ КАРМЕН
По појадокот со спакуван багаж продолжуваме со последниот, но можеби најважниот дел од турата, бидејќи овој ден се посетува Чичен Ица - едно од светските цивилизациски чуда, град во кој Маите го достигнале зенитот на својот научен развој и го изградиле храмот на Кукулкан, или широко познат како пирамидата Ел Кастиљо. Овој локалитет е заштитен од Унеско а во 2007 година е прогласен за еден од седумте нови светски чуда. Годишно го посетуваат повеќе од 2 милиони туристи од цел свет. Како подоцнежен главен град на Маите, Чичен Ица бил значаен центар, па така, освен познатата пирамида може да се видат и други храмови, опсерваторија, играличте, итн. Додека шетате низ локалитетот ќе забележите многу локални луѓе покрај патеките кои продаваат свои ракотворби, сувенири, резби, уметнички дела... Овие луѓе себеси се сметаат за наследници на Маите. Продолжуваме кон обалата Ривиера Маја со попатна посета на Ваљадолид – колонијален град кој бил основан во 1543 год. Доцна попладне, пристигнување во хотелот во Плаја Дел Кармен. Чекирање и сместување во собите на база Се Вклучено. Ноќевање
9 – 11 ден (27 – 29.11 | саб – пон): ПЛАЈА ДЕЛ КАРМЕН
Слободни денови за прав тропски одмор на плажа, на All Inclusive. Во близина на хотелот се наоѓа градчето кое е многу шармантно и пријатно за прошетки. Изобилува со барови, кафетерии, ресторани и претставува едно сосема поразлично искуство од она во Канкун. 3 ноќевања во хотелот.
12 – 13 ден (30.11 – 01.12 | вто - сре): КАНКУН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок, одјавување на собите и организиран трансфер кон аеродром. Лет кон Истанбул на 30.11 во 09:55. Пристигнување во Истанбул на 01.12.2021(среда) во 05:40. Лет за Скопје во 08:50 и пристигнување во Скопје во 08:15 часот.
 
Untitled2 
Цената влучува:
• Повратни ввионски билети од Скопје до Канкун преку Истанбул со Turkish Airlines.
• Аеродромски такси.
• Чекиран багаж 30кг + рачен багаж.
• Трансфер од аеродром до хотелот во Канкун.
• 4 ноќевања во Oasis Palm Cancun 4* (или сличен) на база All Inclusive.
• Кружна тура по стапките на Маите според програма, со стручен локален водич на англиски јазик.
• 2 ноќевања со појадок во Hotel Embajadores 4* (или сличен) во Мерида
• Посети на споменати аерхелошките локалитети и влезници за истите.
• 4 ноќевања во Reef Playacar 4* (или сличен хотел во Плаја Дел Кармен) на база All Inclusive.
• Трансфер од хотелот во Плаја Дел Кармен до аеродромот во Канкун.
• Техничка придружба - Пратител на групата, доколку брои над 12 патници.
Цената не вклучува:
• Влезна виза за Мексико (се вади во Белград, за повеќе информации ве молиме обратете се во генција). *** Лица со важечка виза за САД може да ја искористат за влез во Мексико ***
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
• Задолжително патничко осигурување.
• Евентуални факултативни излети организирани на лице место.
• Бакшиши за локалните возачи и водичи
• Еколошка Туристичка Такса (1,5$ по соба од ноќ – се плаќа на рецепција во хотелите)
Забелешки:
• Минимален број на патници за реализирање на програмата е 15 лица
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откажеаранжманот, да ја корегира цената или да изврши промени во аранжманот.
• За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ.
• Целосна уплата, најдоцна триесет (30) дена пред почеток на патувањето.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до
промена на цените на авионските билети, или доколку настане поголема промена во девизниот курс..
Прочитано 5317 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • Viber & WhatsApp 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 08.30 - 17.00

Сабота 09.00-13.00

Top