fbpx

 

Програма на патување:

1 Ден 02.05.2024 (четврток) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните) во 21.30 часот. Поаѓање во 22.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.

2 Ден 03.05.2024 (петок) БУДВА – НЕУМ
Во утринските часови пристигнуваме на Јадранската обала. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско културно наследство. Уживање покрај Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време за ручек или кафе индивидуално. Во договорено време патувањето продолжува кон Неум. Пристигнување и сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

3 Ден 04.05.2024 (сабота) НЕУМ – ДУБРОВНИК
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на Дубровник, градот познат како бисерот на Јадранот и еден од најпознатите туристички центри на Хрватска. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Прошетка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби; Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј.. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во градот, време за кафе или ручек индивидуално. Враќање во хотел. Слободно попладне за користење на базените на хотелот, време за одмор и релаксација. Вечера. Ноќевање.

4 Ден 05.05.2024 (недела) НЕУМ – ВЕЛИГДЕН
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините вклучени во цената. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки во Неум. Вечера. Ноќевање.

5 Ден 06.05.2024 (понеделник) НЕУМ – ОСТРОГ
Појадок. Напуштање на хотелот според хотелското правило и заминување кон Острог. Посета на манастирот кој датира од 17-от век, основан од страна на Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Во договорено време со водичот на групата патувањето продолжува кон Македонија. Планирано пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ПРОМО цена на аранжманот за пријави до 31.03.2024 - 219€/13.578ден
Редовна цена на аранжманот - 239€/14.818ден

Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд

Цената на аранжманот вклучува:
- Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во Grand Hotel Neum 4* најголемиот хотел на неумската јадранска ривиера
- Исхрана на база 3 ноќевања со појадок и вечера
- Користење на базени, сауна и теретана
- Организирани посети и разледи според програмата
- Организација на аранжманот и туристички пратител на групата од агенција

Цената на аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко и здравствено осигурување
- Влезници за културно историските споменици
- Факултативна посета на Дубровник 30€ (доплата на лице место)
- Влезници по културно историски споменици и останати неспоменати трошоци

Опционални доплати:
- Доплата за еднокреветна соба 80€
- Доплата за одбирање ред на седење 10€ (мин. 2 седишта)

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За патувањето потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек
– За резервација потребна е уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање
– Седиштата во автобус се распределуваат по ред на уплата, доколку имате одредени барања за поинаква распределба во автобусот истата услуга е со доплата.

– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

Прочитано 10129 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top