Прв ден: 05.04.2018 година (четврток)

18:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 20:00 часот од Скопје за Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 06.04.2018 година (петок)

Пристигнување во Љубљана во утринските часови. Сместување во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si) . Краток одмор од патувањето. Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич:Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот,Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер…Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки. Враќање во хотелот.Ноќевање.

Трети ден: 07.04.2018 година (сабота)

Појадок. Заминување на групата (факултативно) на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи,вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со трационален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното„Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи . Во попладневните часови заминување кон сликовитите Алпски предели на Бохињското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, камениот мост и Црквата на Свети Јован Крстител. Враќање во хотелот во Љубљана. Ноќевање.

Четврти ден: 08.04.2018 година (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Постоинска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постоинска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа. Во пладневните часови заминување на групата кон Риека. Сместување во хотел „Neboder“ 3*** во центарот на градот (http://www.jadran-hoteli.hr/neboder) . Слободно време за краток одмор, а потоа организиран разглед на градот со локален туристички водич. Ноќевање.

Петти ден: 09.04.2018 година (понеделник)

Појадок. Заминување на групата кон Плитвичките Езера, најголемиот национален парк во Хрватска прогласен во 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светско наследство. Има околу 16 прекрасни Плитвички Езера чија должината е 8 километри, а висината на најголемиот водопад е 20 метри. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во утринските часови во вторник на 10.04.2018 година.


Промотивна цена за уплата до 28.02.2018…….. 179 евра (11.100 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………189 евра (11.720 денари)
(плаќање во денарска противвредност)


Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 28. февруари и целосна доплата до 28.март

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Превоз со туристички автобус на наведената релација
Две ноќевања со појадок во хотел „Park“3*** во Љубљана
Едно ноќевање со појадок во хотел „Neboder“ 3*** во Риека
Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
Организација и придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:

Факултативен излет до Блед и Бохињ со локален водич-15 евра
Влезница во Постоинска Јама-25 еврa (вклучена влезница и локален водич)
Влезница за Плитивичките Езера-20 евра (вклучена влезница и локален водич)
Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,3 евра на вечер
Туристичка такса во Риека (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,1 евро на вечер
Доплата за еднокреветна соба – 65 евра
Можност за пловидба со чамец по Бледското Езеро
Влезница во црквата „Света Марија“ на Блед
Патничко осигурување
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

Прочитано 971 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.30

Сабота 09.00 - 13.30

Top