Автобус / 5 дена / 3 ноќевањa



28.12.2017 (четврток) СКОПЈЕ - КРАКОВ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Се патува преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

29.12.2017 (петок) КРАКОВ
Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски разглед (автобус и пешачки дел ): стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц... Сместување во Хотел. Ноќевање.

30.12.2017 (сабота) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ - КРАКОВ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Аушвиц и Биркенау - најголемот и најозогласенот логор на нацистичка Германија, а денешен спомен - музеј под заштита на УНЕСКО... Нокевање.

31.12.2017 (недела) КРАКОВ – ВАВЕЛ - ВЕЛИЧКА
Појадок. Предлагаме факултативна посета на Готскиот Дворец Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики (1333-1370) кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор. Потоа, факултативно посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka - најстар рудник во Европа). импресивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа кралевската капела од сол и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, а за туристи посетата е на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Враќање во Краков. Вечерта, факултативно посета на национален ресторан. Ноќевање.


01.01.2018 (понеделник) КРАКОВ – Скопје
Појадок. Прошетка по плоштадот Bohaterów Getta, плоштадот Zgody – кој во 1941год. бил претворен во Гетото на Краков - местото каде се заробени Евреите и пратени во логори. Денес на тоа место се поставени 70 метални столици во знак на сеќавање на настраданите... Заминување за Македонија.



ЦЕНА за упати до 25 Ноември:
159 евра (9.860 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
179 евра ( 11.100 денари)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел 2** во Краков на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Краков
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Факултативна посета на Аушвиц 35 евра
- Факултативна посета на рудникот за сол Величка 35 евра
- Факултативна посета на Годскиот дворец Вавел 10 евра
- Посета на Шиндлеровата Фабрика
- Вечера во национален ресторан
- Туристичка такса 3 евра од ден по лице се плаќа во агенција
- Доплата за 1/1 соба 3.600 денари
- Патничко-здравствено осигурување 

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

 

Прочитано 631 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 20.00

Сабота 09.00 - 15.00

Top