АМСТЕРДАМ - Градот на вода

АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања

 

06 октомври СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06.00 слетува во 08.85 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пицница Хајнекен, Новиот градски кварт... Слободно време за прошетка низ градот, љубителите на уметноста можат да ги посетат музеите: Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (15 до 17 век, со делата на Рембрант), Музејот Ван Гог со неговата најголема збирка на дела. Ноќевање.


07 октомври АМСТЕРДАМ - ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА
Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.


08 октомври АМСТЕРДАМ
Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. Враќање во Амстердам, препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.


09 октомври АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.15 часот, пристигнување во Скопје во 11.50 часот на аеродромот Александар Велики.



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:299 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам
- Сместување во Hotel BLUE SQUARE во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Амстердам
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси 3.990 денари
- Доплата за голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.100 денари
- Доплата за багаж (1 торба/куфер со максимум 23 kg) 3.700 денари
- Голема Холандска Екскурзија 75 евра
- Мала Холандска Екскурзија 55 евра
- Крстарење по каналите на Амстердам 17 евра
- Туристичка такса (3 евра на ден) се плаќа во агенција 560 денари
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
- Доплата за сингл соба 10.000 денари

НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 25 патници
- За реализација на факултативите потребен минимум од 20 патници
- Резервација се прави со копија од пасош и авансна уплата од 30% (важи и за цената во предпродажба) од цената на аранжманот
- Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето

 

Прочитано 1413 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 20.00

Сабота 09.00 - 15.00

Top