fbpx

ГРЦИЈА ЛЕТО 2025

ГРЦИЈА
Република Грција се простира на површина од 131 957км. Според последните статистички податоци има 11 500 000 жители и претставува една од етнички најчистите држави на Балканот. Главен град е Атина која со Пиреа и предградието претставува една целина од околу 5 000 000 жители. Официјален јазик е грчкиот, познат уште од 2000 години п.н.е, кој со текот на времето целосно се променил во нова форма. Во Грција има четири говорни подрачја: северно, јужно, јужно-италијанско, лаконско (Пелопонез).

Грција има брег во должина од 15 000 километри и преку 1 400 острови, од кои само 170 се населени. Најголеми и најзначајни од нив се Крит, Евија, Лезбос, Родос и Крф. Државата "лежи" на брегот на јонско, егејско, критско и средоземно море. Најголеми градови се Атина, Солун, Пиреј, Патрас, Лариса и Хераклион.
Скоро 80% од површината на Грција е со планински релјеф, така што нема пловни реки.
Највисоки планински врвови се Олимп "планината на боговите" со 2917м и Смолика со 2637м.

Грција е една од оние земји кои секој би требал да ги посети барем еднаш во текот на животот. Кога ќе помислите на топол летен ветер, совршен бел песок и долги плажи на кои се бранува прекрасно море. Ова е совршена дестинација за романтични авантури, опуштени семејни одмори или забава со пријателите. Доколку сеуште неможете да се одлучите, погледнете ја нашата разновидна понуда со одлични вили и хотели, љубезни домаќини и сите останати поволности кои вашиот одмор ќе го направат незаборавен.
Уживајте во претстојното лето, во некоја од понудените грчки дестинации кои нудат спектакуларни пејсажи, сончеви улици, кристално-сино море и единствените вкусови на Медитеранот.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ГЛАВЕН ГРАД: АТИНА

ПОВРШИНА: 131,957 km2

ПОВИКУВАЧКИ КОД: +30

ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК: ГРЧКИ

ВАЛУТА: ЕВРО €

ВРЕМЕНСКА ЗОНА: UTC + 02:00

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Визен режим: При влез на македонски државјани на територија на Република Грција, не е потребна виза.
COVID-19 Не е дозволен влез и транзит низ Р. Грција за државјани од трети земји кои не се членки на ЕУ.
PLF документ: Согласно новата одлука на владата на Р.Грција, за сите патници кои ќе патуваат во Р. Грција се воведува задолжително пополнување на формулар – PLF (Passenger Location Form), и тоа најмалку 48 часа пред влез во земјата.

ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Грчката кујна е класична Медитеранска кујна. Се наоѓа помеѓу исток и запад, па и двете култури имале влијание на одличниот вкус на грчките традиционални јадења. Некои од највпечатливите ароми на Западот и Истокот се среќаваат во Грчката кујна што и дава специфичен вкус. Во кујната Грците сакаат да употребуваат маслиново масло, овошје, зачини, житарици, леб, вино, риба, разни видови на месо... Исто така важен дел од секое јадење се маслинките, различни видови на сирење и јогурт. Грчките десерти се карактеристични по доминантна употреба на мед и лешници.
Во Грција можете да внесете од следните производи за лична употреба доколки не сте граѓанин на ЕУ и имате повеќе од 17 години. Производи од тутун: 200 филтер цигари или 50 цигари или 250 грама тутун. Алкохолни пијалоци: 1 литар алкохол посилен од 22%, 2 литра алкохол послаб од 22%, 4 литри вино, 16 литри пиво. Медицински производи - нема лимит во количина доколку се користат за лична употреба. Останати производи (роба) доколку патувате со авион во Грција можете да носите со вредност до 430 евра по возрасно лице или до 150 евра за патници до 15 години. Доколку пренесувате злато мора да го пријавите на царина. Не смеете да превезувате животни кои не се со потекло од држава од ЕУ.
За правење врева помеѓу 14:00 и 17:00 освен што се смета за непристојно во Грција, постои и закон кој штити од вакво однесување. Се толерираат само градежни активности кога времето за изведување на истите е ограничено. Времето за одмор помалку се почитува во големите области и градови, кои очигледно подлегнуваат на урбаниот начин на живот но вообичаено тоа е време предвидено за одмор. Доколку туристите за време на одморот престојуваат во близина на куќата на домаќините, не е културно да седат надвор и гласно да разговараат или да пуштаат музика. Во текот на летната сезона и месеци, кога е во екот туристичката сезона, вообичаениот распоред за ручек и попладневен одмор, може да се пролонгира, па ручекот некогаш го одржуваат дури околу 16 часот. Кога сте во Грција, препорачуваме да се однесувате исто како и домаќините, ќе ги воочите поволносите на овој тип на режим и ќе ви стане јасно дека овој начин на функционирање целосно одговара со грчката клима. Банките работат во период од 08:00 до 14:00 од понеделник до четврток, и од 08:00 до 13:30 во петок. Некоибанки во поголемите градови работат и помеѓу 15:30 и 18:30 преку недела и 08:00 до 13:30 во сабота. Поштите работат од 7:30 до 14:00 од понеделник до петок. Во поголемите градови се отворени до 20:00 часот, а во сабота работат од 07:30 до 14:30 часот. Работното време на рестораните е различно. Во Атина, Солун и големите градови повеќето работат за време на ручек од 11:00 до 15:00, и вечера помеѓу 19:00 и 01:00, додека рестораните во туристичките области се отворени во текот на целиот ден. Кафулињата најчесто работат од 10:00 часот и отворени се до полноќ или подоцна.

 

Прочитано 26615 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top