fbpx

Никити се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија. Во последните неколку години ова е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат изобилство кафе барови, ресторани и таверни. Во градот има се` што е потребно за пријатен одмор: три големи супермаркети: (Lidl, Masutis и Marinopoulos), мини маркети, месари, пекари, слатарници, лекар, аптека.

Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 40 метри од плажата. Располагаме со трокреветен и петкреветен апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од терасите кон морето. Сместувачките капацитети се опремени со модерен мебел, мини кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. 

Апартман бр.1
Трокреветен апартман на прв спрат. Во првата просторија има комплетно опремена кујната, еден кревет на расклопување, клима (вклучена). Во другата просторија има брачен кревет и сопствено купатило.

Апартман бр.2
Петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Во првата просторија има комплетно опремена кујна, од неа се влегува до две посебни спални соби издвоени со врати. Тука има по еден брачен кревет, клима (вклучена) и сопствено купатило

BLACK FRIDAY – 15% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 29.11 до 04.12.2024 ( минимум уплата од 50% и доплата до 31.01.2025 )

ТЕРМИН НАЕМ 1/3+1 апп 1/5 дуплекс
25.05 7 ноќи 300€ 340€
1.06 7 ноќи 370€ 430€
8.06 7 ноќи 450€ 490€
15.06 7 ноќи 500€ 550€
22.06 7 ноќи 550€ 590€
29.06 7 ноќи 580€ 650€
6.07 7 ноќи 680€ 750€
13.07 7 ноќи 770€ 870€
20.07 7 ноќи 870€ 970€
27.07 7 ноќи 870€ 970€
3.08 7 ноќи 870€ 970€
10.08 7 ноќи 870€ 970€
17.08 7 ноќи 870€ 970€
24.08 7 ноќи 750€ 870€
31.08 7 ноќи 550€ 650€
7.09 7 ноќи 490€ 570€
14.09 7 ноќи 420€ 490€
21.09 7 ноќи 370€ 430€

Цена за превоз:
Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€
деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Доплата за туристичка такса по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 


Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

  • Локација:
Прочитано 4884 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top