fbpx

Св.Стефан- Будва – Дубровник – Котор -Тиват – Порто Монтенегро

*МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА ДО ДЕН НА ВАЖНОСТ НА ИСТАТА

 

1 ден : 29.12.2022 (Петок) Кавадарци – Неготино- Штип – Велес- Скопје

Состанок на групата согласно трансферите. Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден : 30.12.2022 (Сабота)- Будва -Св.Стефан

Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Во вечерните часови музичка програма пред платото на Стариот град .Ноќевање.

3 ден : 31.12.2023 (Недела) Будва – Дубровник – Будва

Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Вечерта организиран дочек на новогодишната ноќ со концерт пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.

4 ден : 01.01.2023 (Понеделник) Будва – Котор - Тиват – Порто Монтенегро – Будва

Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола …. Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина со единствен поглед на Которскиот залив. Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси.Индивидуално време за уживање и фотографирање. Враќање во Будва. Ноќевање.

5 ден : 02.01.2023 (Вторник) Будва – Велес

Напуштање на апартманите. Поаѓање за Македонија со попатни паузи и царински формалности.

Очекувано пристигнување во Велес во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ………..145 ЕУР (8990,00 мкд )

ПРОМО ЦЕНА 125 ЕУР 7750,00 мкд

Во цената се вклучени следните услуги:

  •  Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
  •   3 ноќевања , сместување во вили;
  •  Организацијаи реализација на програмата
  •  Лиценциран придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • Посета на Дубровник 30 еур;
  •  Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро…..15 еур;
  • Влезници за музеите и културно историските споменици;
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување;
  • Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).

Напомена:

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;
Уплата исклучиво во денари.

Прочитано 427 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top