fbpx

CHAMONIX MONT-BLANC 05.01.2024

  • Понудата е објавена на 26/09/2023

Традиционално, и оваа зима Ве носиме во најголемите ски центри во Франција.

* Ексклузивно, Ве водиме во CHAMONIX, MONT-BLANC.

Шамони е совршено место за оние кои бараат разновиден и атмосферски одмор за скијање во Франција, со височина од 1.035 м. и неспоредлив поглед на пејсажот на Мон Блан кој го одзема здивот. Шамони се состои од 4 скијачки области, живописни села во стилот на Belle Epoque и падини кои одговараат на секое ниво на вештина.

Шамони е навистина иконско одморалиште во сенката на Мон Блан, кое нуди предизвикувачко скијање, жива атмосфера и разновидни активности надвор од падините.

Со оглед на тоа што Мон Блан се издигнува во позадината, скијачите се привлечени и од предизвикувачкиот терен и глечерските пејсажи кои го одземаат здивот.

Многумина сметаат дека Шамони е центар на светот на скијањето, како и одморалиште преку целата година и седиште на све што е планинарење во лето.

Улиците на стариот град Шамони се микс на елеганција од стариот свет со француски шарм, а пешачкиот центар со калдрма, со река што минува низ него, компактен и лесно достапен. Со богат ноќен живот и со продавници кои продаваат све, од скијачка опрема до врвен накит и часовници, тоа е Шамони.

Шамони е дом на одлична низа на ресторани, барови, клубови кои гарантираат возбуда и надвор од скијачките падини. За оние кои бараат порелаксирачка Apres Ski сцена на нивниот зимски одмор, тука е биоскопот, куглана, лизгалиште и голем спортски центар со затворен базен.

И покрај својата репутација за стрмни патеки и екстремен терен надвор од патеките, долината Шамони има 155 км патеки кои се грижат за сите нивоа на скијачи. Почетниците добро се згрижени на Le Tour или Les Houches, со многу понежно скијање во споредба со другите области. Скијачите со средно ниво на знаење може да уживаат во долгите крстарења на висока надморска височина на сини и црвени патеки на La Flegere (сега поврзани со гондолата со Brevent) и Les Grand Montets. Лифтовите од двете области се на непосредна близина на двете страни од центарот на Шамони, сите други се ефикасно поврзани со автобуска услуга вклучена во цената на ски картата.

Шамони е дом и на Vallee Blanche, веројатно најпознатата OFF патека која се спушта над глечерите што се спуштаат од Мон Блан. Планинскиот водич тука е задолжителен, но тоа е навистина возбудливо искуство за добрите скијачи.

Вашиот скијачки одмор Шамони го очекува! Највисока точка на скијање е 3842 м. Има 47 ски лифта, 155 км ски патеки во регионот на Шамони од кои 29% црни, 39% црвени, 28% плави и 3% зелени.

Пакет цени по лице. FIRST MINUTE:    За уплата до 30.09.2023 

Pierre & Vacances Premium La Ginabelle 4* Ski F R A N C E 2024
Тип на сместување Број на кревети
  8 7 6 5 4 3 2
Апартман 1 спална, 4 лица         769 849 999
Апартман 2 спални, 4 лица         839 939 1129
Апартман 1 спална, 6 лица     729 759 819    
Апартман 2 спални, 6 лица     749 789 849    
Апартман 3 спални, 8 лица 769 799 849        
MONT BLANC UNLIMITED 6 DAY SKI PASS VKLUCEN         /

Програма:

1 ден-петок.Скопје–Chamonix. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за Val Thorens во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота.Chamonix.: Пристигнување во пладневни/попладневните часовии сместување во апартманите помеѓу 15.00-20.00 ч. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање.

3–8 ден.Chamonix.: Шест дневно скијање во Mont Blanc Unlimited. Ноќевање

9. ден-сабота.Chamonix.-Скопје: Напуштање на собите до 09:30. Клучевите се предаваат на водичот. Поаѓање за Скопје со попатна посета (2 часа) на еден од најголемите шопинг outlet центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

10 ден – недела. Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Во цената на пакет аранжманот e вклучено:
-Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– Chamonix.–Скопје
-7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во Chamonix.
-6 дневен скипас за стазите на Mont Blanc Unlimited (780км стази).
-Туристички пратител за време на турата
-Постелнина и крпи.

Во цената на пакет аранжманот НЕ Е вклучено:
-Завршно чистење на апартманите.
-Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик: 800 ден.
-Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција, во денари.

Важни завршни напомени

Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
РЕЗЕРВАЦИЈА:
Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 15.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 01.Декември 2023. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.

Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги проследи до партнерската агенција, но не гаранти за исходот.
Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас... ) за кои агенцијата не може да влијае.

FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.

Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (01.12.2023) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае.
>Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
-8 – 6 недели пред поаѓање: 30% од цената
-6 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
-4 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената

Постелнина и крпи: Вклучени во цената на апартманот.
Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.
Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
Цена за чистење:
Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
Влез во објект: од 17.00 Напуштање на објект: 08.00 – 10.00
ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.

САМА ХОЛИДЕЈ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!

Résidence Pierre & Vacances Premium La Ginabelle ****

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top