fbpx

Локација: Се наоѓа на 20м. од плажа.
Сместување: Мезонет на 3 спрата (приземје, прв и втор кат)
Приземје: Дневен престој со опремена кујна и дневна соба, гостински тоалет и тераса.
Прв кат: Две спални соби со по два единечни кревети, тоалет и тераса.
Втор кат: Една спална соба со два единечни кревети, простор со еден клик-клак кауч (возрасен + дете), тоалет, тераса.
Терасите на спрат имаат поглед на море.
Бебешко креветче и дополнителен помошен кревет.
Клима уред е вклучен во цената.
Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.
Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Период Бр.на ноќи 1/6+3 мезонет
26.05 – 02.06 7 480€
02.06 – 09.06 7 680€
09.06 – 16.06 7 780€
16.06 – 23.06 7 880€
23.06 – 30.06 7 1,080€
30.06 – 07.07 7 1,280€
07.07 – 14.07 7 1,480€
14.07 – 21.07 7 1,680€
21.07 – 28.07 7 1,680€
28.07 – 04.08 7 1,680€
04.08 – 11.08 7 1,680€
11.08 – 18.08 7 1,680€
18.08 – 25.08 7 1,680€
25.08 – 01.09 7 1,480€
01.09 – 08.09 7 1,280€
08.09 – 15.09 7 1,080€
15.09 – 22.09 7 780€
22.09 – 29.09 7 580€

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПП ЗА 7 НОЌИ.

Задолжителна доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

Превозот се доплаќа:
Возрасен 45€ повратен / 35€ еден правец
Деца од 02-12г. 35€ повратен / 25€ еден правец
Деца до 2г. Бесплатно (без седиште).

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

НАПОМЕНА
Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
Секоја направена штета се плаќа на лице место;
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст.
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Задолжително патничко осигурување.
Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

 

 

Прочитано 262 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top