fbpx

Hotel Grand Gold 3* - Кумбургаз

  • Понудата е објавена на 20/02/2023

 На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.

Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.
Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира морето!

Hotel Grand Gold 3* - Kumburgaz, Turkey

Цени во евра по лице и термини за цело лето

Поаѓање и враќање Редовни цени Промо цени
04.06-11.06.2024 189е 149е
11.06-18.06.2024 199е 163е
18.06-25.06. 2024 209е 169е
25.06-02.07.2024 220е 180е
02.07-09.07.2024 230е 190е
09.07-16.07.2024 245е 205е
16.07-23.07.2024 250е 210е
23.07-30.07.2024 255е 215е
30.07-06.08.2024 255е 215е
06.08-13.08.2024 255е 215е
13.08-20.08.2024 255е 215е
20.08-27.08.2024 255е 215е
27.08-03.09.2024 235е 185е
03.09-10.09.2024 225е 175е
10.09-17.09.2024 215е 165е
17.09-24.09.2024 189е 149е

Што е вклучено во цената:

  • Седум ноќевања во хотел Гранд Голд 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Туристички придружник за време на целиот престој
  • Лежалки на плажа и базен
  • Користење на 1 базен
  • Превоз од: Скопје, Велес, Прилеп, Битола,Гевгелија,Неготино,Штип

Што не е вклучено во цената:

  • Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.
  • Туристицка такса 3,50е по лице за 7 ноќевања

Напомени:

  • Хотелот е на барање. 
  • За резервација е потребно мин. 30% уплата од вкупната сума, остатокот се доплаќа на мин. 7 дена пред поаѓање
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија до Турција
  • Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
  • За споен термин се сметаат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во автобус)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори, а агенцијата нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата, а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
    • Сместувањето во хотелот го одредува самиот менаџмент на хотелот. Агенцијата не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
    • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување

Факултативни излети

Истанбул Тура
Цена за пакет: 65е

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

БАЛАТ- Посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.

ГАЛАТА ПОРТ-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи и Крузери на дневно ниво.

Таксим- Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ШОПИНГ ТУРА
Цена за пакет: 20е
–Капали Чаршија
-Outlet 212
-KOSKA (продавница за слатки работи)
– GLORIA Трговски Центар

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top