fbpx

 

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ - ROYAL CARIBBEAN VOYAGER OF THE SEAS
Западен Медитеран
(29.09.2024 - 07.10.2024)

Крстарете по Западниот Медитеран и посетете ја Барселона, Валенсија, Тулон, Ница, Корзика и Ливорно со организиран повратен авио билет, ноќевање во Барселона, водич на српски јазик,
8-дневно крстарење со вклучени пристанишни такси, сите трансфери

Прв ден: 29.09.2024 (недела) - Велес-Скопје-Белград-Барселона
05.00 часот. Заминување на групата од Велес и во 06.00 часот од Скопје кон Србија. Пристигнување на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и состанок на групата во 14:40 часот. Очекувано време на полетување во 17:10 часот на релација Белград – Барселона. Слетување на аеродромот „Ел Прат“ во 19:50 часот. По завршените гранични формалности, трансфер со автобус и сместување во хотел „SB Icaria“ 4*. Ноќевање.
Втор ден: 30.09.2024 (понеделник) - Барселона, Шпанија
По појадокот, напуштање на хотелот и разгледување на Барселона. Трансфер до пристаништето и качување на бродот Voyager of the Seas. Откако ќе ги завршиме сите формалности и сместување во кабините, можете да ручате на палубата 11 во ресторанот Windjammer на шведска маса.
Главниот град на шпанската автономна покраина Каталонија е еден од најпосетуваните градови на Медитеранот. Неодоливата привлечност на Гаудеовите архитектонски дела сеуште е ненадмината: Sagrada Familia, Casa Mila и Casa Batllo мора да се видат, а метежот и вревата на Ramblas и Готскиот кварт да се доживеат. Посебната атмосфера на градот ќе остане врежана во меморијата и срцето на секој од нас.
Трет ден: 01.10.2024 (вторник) - Валенсија, Шпанија
Валенсија е трет по големина град во Шпанија и главен град на автономната област Валенсија. Градот е основан во времето на Рим во II век п.н.е. кога го добил името Валентиа, што во превод значи „сила“. Архитектонска целина на средновековниот град е одлично зачувана и се гордее со Катедралата од XIII век, потоа со Lonja de la Sede – „Берзата на свилата“, капијата Serranos… Понова атракција на Валенсија е Ciudad de las Artes y las Ciencias - „Град на уметностите и науките“ - спектакуларно архитектонско дело на архитектот Santijaga Kalatrava роден во Валенсија.
Четврти ден: 02.10.2024 (среда) - Ден на море
Бродот Voyager of the Seas е првиот брод од класата Voyager и е изграден во 1998 година во бродоградилиштето Kværner Masa-Yards во градот Турку во Финска, по цена од околу 650 милиони долари, а целосно е реновиран во 2019 година. Бродот е долг 311 метри и широк 37 метри, со бруто тежина од 138.194 тони и максимална брзина од 23,7 јазли. Бродот има 14 палуби достапни за патниците со вкупно 1715 кабини и максимален капацитет од околу 3.800 патници за кои се грижи екипаж од околу 1.200 членови. Voyager of the Seas нуди многу содржини кои им се на располагање на патниците: централна зона Royal Promenade долга 120 метри, продавници, главен ресторан на три нивоа, Windjammer Buffet Restaurant, три базени, џакузи, Sea Spa, Casino Royale, Star Lounge, панорамски бар Viking Crown Lounge и други барови и салони... За најмладите издвоен е посебен дел само за нивната игра и забава. За крстарењето да биде во секој момент интересено ќе се погрижи Royal Theatre на две нивоа со 1.300 седишта со претстави во стилот на Бродвеј, лизгалиштето Студио Б со 600 седишта, кино на отворено, laser tag, симулатор за сурфање, теретана, спортски терен за кошарка, вештачка карпа, воден тобоган, мини голф...
Компанијата Royal Caribbean нуди врвно доживување за време на крстарењето со одлична услуга и незаборавни содржини.
Петти ден: 03.10.2024 (четврток) – Тулон, Франција
Тулон е пристанишен град на брегот на Прованса и е познат по најголемата поморска база на француската армија. Во пристаништето се наоѓа познатиот Поморски Музеј со богата изложбена поставка. Градот е опкружен со стрмни варовнички планини а бреговите се исполнети со стрмни карпи и мали заливи во кои се сокриле живописните рибарски села. Недалеку од Тулон се наоѓа и Марсеј, вториот по големина град во Франција.
Шести ден: 04.10.2024 (петок) – Ница, Франција
Азурниот брег е веројатно најпознатиот туристички регион во светот, и тоа со добра причина. Пријатна клима, сина боја на морето и секогаш сончевото небо ги привлекуваат патниците од сите страни на светот во текот на целата година. Ница е најголемиот град во регионот; стариот град Ница, Англиското шеталиште и Плоштадот Масена се неизоставен дел од целата приказна. Во близина се наоѓа и Кнежевството Монако.
Седми ден: 05.10.2024 (сабота) – Ајачио (Корзика), Франција
Главниот град на бунтовната Корзика го дала најславниот Французин на сите времиња, Наполеон Бонапарта. Родната куќа на големиот Корзиканец е најпосетеното место во градот, како и неговиот споменик од кој се простира прекрасен поглед на морскиот брег. Тука ќе се чувствувате како истовремено да сте и во Франција и во Италија, а сепак ќе бидете на посебната Корзика.
Осми ден: 06.10.2024 (недела) – Ливорно, Италија
Ливорно е пристанишен град на брегот на Тоскана и е почетна точка за истражување на оваа позната област. Недалеку се наоѓа Пиза, еден од најпознатите градови во Италија и можеби најпознатиот плоштад во Европа-Плоштадот на чудата со својот раскошен архитектонски комплекс кој се состои од Катедралата, Крстилницата и Кривата Кула. Во срцето на Тоскана е сместена и Фиренца во која е родена ренесансата, а денес тоа е најбогатиот град во светот со најголемото уметничко богатство. Прошетајте низ прекрасните плоштади, улици и мостови по кои оделе Данте, Да Винчи, Микеланџело, Макијавели...
Девети ден: 07.10.2024 (понеделник) – Рим-Белград
По појадокот го напуштаме бродот и имаме организиран трансфер до аеродромот Леонардо Да Винчи. Лет со Air Serbia на релација Фиумичино - Белград со очекувано време на полетување во 14:40 часот и слетување
на аеродромот Никола Тесла во Белград во 16: 15 часот. По завршување на сите формалности, трансфер со автобус од Белград до Скопје и Велес.

Промотивна цена за уплата до 15.05.2024 до 15.05.2024......1599 евра (99.140 денари)
Цената се однесува за сместување во внатрешна кабина

Доплата за сместување во прозорска кабина – 200 евра по лице (12.400 денари)
(плаќање во денарска противвредност)


Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Автобуски превоз на релација Велес-Скопје-Белград (повратно)
• Авионски билети на релации Белград - Барселона и Фиумичино - Белград со вклучени аеродромски такси (дозволена тежина на багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж)
• Сите трансфери: аеродром - хотел - пристаниште - аеродром
• Ноќевање со појадок во хотел SB Icaria 4* во Барселона
• Туристички водич на српски јазик за време на целото патување и крстарење
• Туристички придружник од агенцијата
• 8-дневно крстарење со Voyager of the Seas (кабини на бродот со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен, крпи), полн пансион со разновидни јадења, вода од автомат, кафе, чај, ужина, гала вечера, тематски вечери, базени, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар, различни дневни активности, услуга за качување и истовар на личен багаж
• Пристанишни такси во износ од 286 €
Задолжителна доплата на бродот:
• Бакшишите за персоналот на бродот се задолжителни и се плаќаат на бродот: 112 долари по лице за целото крстарење (Бродарот може дополнително да го промени износот на бакшишот)
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Индивидуални трошоци
• Факултативни екскурзии (Барселона, Валенсија, Тулон, Ница, Ајачио, Ливорно)
• Лични трошоци (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во барот/ресторанот, услуга за перење на алиштата, здравствени третмани и третмани за убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)
• Задолжителна полиса за патничко здравствено осигурување
• Деца до 12 години во внатрешна кабина со две лица кои плаќаат полна цена – 70% од аранжманот
• Доплата за 1/1 кабина – 80%
Услови и начин на плаќање:
• Цените се изразени во евра и во денари, а плаќањето се врши исклучиво во денари
• При пријавување и склучување договорот за патување потребно е да се уплатат 40% од вкупната вредност на аранжманот, а остатокот најдоцна 20 дена пред поаѓање
Казнени пенали во случај на откажување:
• До 65 дена пред поаѓање - 300 евра по лице
• Од 64 до 35 дена пред крстарење - 80% по патник
• Од 34 до 0 дена пред крстарење - 100% по патник

Напомена:
• Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со правилата на Royal Caribbean Cruises
• Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење или да направи други промени поради непредвидени околности по меѓународните прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени околности.
• Организаторот на патувањето не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни документи за ова патување, како и одговорност доколку одделот за имиграција на странската држава на учесникот на патувањето не му дозволува влез во земјата
• Сите кабини се загарантирани, што значи дека категоријата на кабината и нивната позиција на бродот не се познати до пред поаѓањето
• Во хотелот третиот и четвртиот кревет се помошни, а на бродот има или софа на развлекување за едно или две лица, или кревети на спрат
• За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.

За реализација на патувањето потребни се минимум 30 патници

Прочитано 368 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top