fbpx

Будимпешта - Програма на Тура

Ден(а)1

(19.05.2024 - недела) | Скопје - БудимпештаСостанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 04:20 часот. Полетување за Будимпешта во 06:20 часот. Слетување во Будимпешта во 07:45 часот.Следува организиран трансфер и разглед на градот (со локален водич).По завршување на разгледот, следува сместување во хотел.Одмор а во договорено време се упатувате со пратителот на групата кон центарот на градот .Ноќевање.

Ден(а)2

(20.05.2024 - понеделник) | Сент Андреа – ЧардашПојадок. По појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата...Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта. Навечер можност за факултативна посета на традиционален ресторан – ЧАРДАШ. Богато мени, цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости.Многу забава, што вреди да се доживее а ќе Ви го доближи унгарскиот живот. Ноќевање.

Ден(а)3

(21.05.2024 - вторник) | крстарењеПојадок. По појадокот слободно време кое што може да го искористите за посета на највпечатливите места или посета на некој трговски центар. Во доцните попладневни часови следува една прекрасна прошетка со брод . Сосема поразлично доживување на овој прекрасен град...Ноќевање.

Ден(а)4

(22.05.2024 - среда) | Будимпешта – СкопјеРан појадок или ланч пакет. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 08.40 часот. Слетување во Скопје во 10.05 часот

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 319 €

Во цената на аранжманот е вклучено:
Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;
Сместување во двокреветни соби во хотел - 3 ноќевања со појадок;
Панорамски и пешачки разглед со локален водич;
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Вечера во ресторан – чарда, со трансфер - 50 €;
Крстарење со брод по Дунав – 20 €;
Факултативна посета на Сент Андреа (организиран трансфер) – 30 €;
Туристичка такса 9€ по лице, за цел престој (се плаќа во агенција)
Влезници за музеите и културно - историските споменици;
Задолжително патничко - здравствено осигурување;
Доплата за еднокреветна соба 90 еур

НАПОМЕНА:
Пријавување на факултативи во агенција
Минимум пријавени патници за реализација - 14

Општи напомени:
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 16 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

Прочитано 6472 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top