fbpx

НА ОДМОР ВО ТУНИС

Летен одмор во Тунис


Тунис е земја во која се спојуваат илјадници години култура, земја на традиција и легенди, светлина и боја, контрасти. Дестинација во која ќе создадете многу спомени од прекрасни моменти. Дестинација која има душа. 


ТУНИС  - Една од најпосетуваните дестинации на Медитеранот,
СУС (Sousse) - најразвиениот и навистина вибрантен туристички град, изобилува со хотели од различни категории, километарски песочни плажи, центар кој е секогаш жив, а ноќниот живот трае и трае... Дел од хотелите кои ви ги препорачуваме овде се Concorde Green Park 5*, Iberostar Diar El Andalous 5*, Jaz Tour Khalef 5*, Sentido Belleveue Park 4*+, Occidental Marhaba 4*+, Marhaba Club 4*, Marhaba Beach 4*... а за оние кои сакаат да се во строг центар на случувањата, а сепак на убава плажа, тука е Riadh Palms 4, Marabout 3*...

Монастир (Monastir) - родниот град на прочуениот и голем претседател на Тунис - Хабиб Бургиба. Во околината на Монастир ви го предлагаме извонредниот Royal Thalassa Monastir 5* - хотел со неверојатен Спа и Таласо центар, потоа ONE Resort Aquapark 4*+ кој е ресорт со 24 часовен All Inclusive, Rosa Beach 4*, Iberostar Kuriat 5*, итн...

Махдиа (Mahdia) - ова е за нас најпозитивното изненадување! Станува збор за помал но шармантен град на полуостров, со пријатна и мирна Медина во која се негува традицијата и е многу интересна за прошетка. Но она што е највпечатливо во Махдија се дефинитивно плажите кои се побели од било каде во Тунис, чист и брашнест песок, прекрасна тиркизна боја на морето, пријатна клима... Овде има доста добри хотели и ресорти со богати содржини и докажан сервис, меѓу кои би ги издвоиле Mahdia Palace 5*, Nour Palace 5*, Thalassa Mahdia Aqua Park Resort 4*, ONE Resort El Mansour 4*.

Тунис е дестинација која има многу да понуди. Иако хотелите можеби не се сеуште на ниво како оние во најлуксузните и најразвиени светски летувалишта, сепак се многу блиску до нив и нудат услови за навистина пријатен и исполнет одмор - прекрасни плажи, топло Медитеранско Море, многу палми, забава, анимации, вкусна храна... А екскурзиите, пустината Сахара, оазите, троглодитските живеалишта, Сиди Бу Саид... Тоа се посебни приказни кои треба да се доживеат, видат, чујат.

Наша понуда за одмор во Тунис лето 2024 на линкот
https://samaholiday.com.mk/odmori/tunis

Прочитано 899 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top