fbpx

ЛЕТЕН ОДМОР ТУРЦИЈА

Драги туристи и почитувани авантуристи САМА Холидеј Ве повикува во ново свежо лето 2024


ТУРЦИЈА е како салон за убавина. Златно-сјајната вода и волшебно ситниот песок се нејзини природни препарати. Огледајте се во некоја од безбројните солени проѕирни капки и ќе се уверите во резултатот... Засладете се со меки шербетни десерти, напијте се чајче, уживајте во снежно белата пена од базенот на Клеопатра и десетина дена оддалечете се од секојдневието!

ТУРЦИЈА
Турција е земја во југозападна Азија. Главен град на Турција е Анкара, а најголем град е Истанбул. Турција излегува на брегот на Црното Море, Мраморното Море, Медитеранот и Егејското море и тоа ја прави интересна туристичка дестинација.

Таа е една од шесте најпопуларни туристички дестинации во светски рамки. Претставува земја со неопислива убавина, богатство, традиција, природа итн. Интересно е и присуството на античка грчка култура, што е уште поинтензивно отколку во самата Грција.
Турција е земја што може да задоволи различни туристички потреби. Изобилува со тивки заливи, плажи, села и луксузни хотели.

Турција има најголема метропола - Царскиот Истанбул. Град со милиони жители и единствениот град кој лежи на два континента. Знаменитости на Истанбул се Сината џамија, чаршијата Капали, Аја Софија, Фенербахче и други. Кога станува збор за други дестинации во Турција, она што дефинитивно треба да ги посетите се Бодрум, Мармарис, Кушадаси, Аланија, Анталија, Кемер и Белек.

Турција е позната и по својот фолклор и танчери на стомак. Кога станува збор за гастрономијата, храната е особено специфична и зачинета со необични ароми. Секој мора да проба и ќебап, дулма, ратлук или баклава.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ГЛАВЕН ГРАД: ИСТАНБУЛ

ПОВРШИНА: 783,356 km2

ПОВИКУВАЧКИ КОД: +90

ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК: ТУРСКИ

ВАЛУТА: ТУРСКА ЛИРА

ВРЕМЕНСКА ЗОНА: GMT + 03:00

АЛАНИЈА
Аланија е град кој е сместен на југоисток на медитеранското крајбрежје, оддалечена е 120 километри од аеродромот во Анталија и претставува еден од најубавите туристички центри на турската ривиера. Сместена е во голем залив, помеѓу планината Таурус и Средоземното море на југ.

За љубителите на песочни плажи, хотелите кои се лоцирани во центарот на Аланија се одличен избор. Една од најубавите плажи, позната како Клеопатра, се простира од центарот на градот кон запад, а плажата Кејкубат кон исток.

Аланија во античко време била поморска база позната под името Coracesium. Градот е основaн уште во 4 век п.н.е, а за време на владетелството на Селџуците овој град го менува името во Аланија. Дури во 1935 год, кога градот го посетил Кемал Паша Ататурк, градот го добил името Аланија.

Најпрепознатливо обележје е секако тврдината која е изградена во период на владеење на Селџуците. Долга е 7 км и е една од најпознатите тврдини во овој дел на Медитеранот. Во градот доминира осмоаголната Црвена кула, која претставува симбол на Аланија, која е единствена по своето архитектонско решение. Денес во неа се наоѓа Етнографскиот музеј.
Од 2009 год, оваа тврдина е под заштита на УНЕСКО.

Овој град денес претставува преубав туристички центар со многу хотели, ресторани, кафулиња и барови, но исто така и 3 прекрасни плажи со сино знаме. Од градскиот парк, патот оди покрај брегот до пристаништето, покрај кое се наоѓаат многу продавници за рачна изработка, кожа, облека и накит.
Аланија е совршена комбинација од зеленило и долги песочни плажи кои се всушност и главно обележје на овој туристички центар.

ПЛАЖИ ВО АЛАНИЈА
Плажите во Аланија и климата се основа на која се заснова привлечноста и популарноста на овој предел. Плажите се широки и рамни и генерално не се многу камчести. Песокот е малку покрупен, но не и премногу остар за да се повредите. Плажите исто така се многу долги, со што нема многу гужва и не би претставувало проблем да најдете место за себе каде би го поминале денот на плажа.
Покрај тоа, плажите во Аланија се многу чисти, па неколку од нив имаат и Сино знаме, кое го добиваат оние плажи кои имаат одличен квалитет на водата, добро опкружување, безбедност...
Најголемиот дел од плажите се наоѓаат во близина на хотелските комплекси, такашто на туристите при посетата на Аланија се им е во близина.
Плажата Клеопатра во Аланија се смета за една од најубавите плажи на целата територија на Турција. Нејзината должина е околу 3,5 километри и се наоѓа западно од центарот на градот. Карактеристика е ситниот песок, тиркизно зелената боја на бодата, но и големите бранови.
На оваа плажа нема многу камења, но затоа водата е длабока и побрза отколку плажите кои се наоѓаат на источната страна.
Доколку вашиот хотел не се наоѓа во близина на оваа плажа, а сепак одлучите да ја посетите и поминете време на неа, имате можност да изнајмите лежалки и чадори.
Плажата Улас се наоѓа во близина на истоимениот парк, а ова подрачје значително е погодно за пикник во природа, а на сите посетители на располагање се столици, клупи како и места за правење скара. За сите оние кои бараат опуштање и релаксација во мирна и приватна атмосфера, оваа плажа е исклучително погодна. Единствен проблем на оваа плажа е фактот што поради ерозија од морето, плажата поле исчезнува.
Плажата Улас до скоро беше непозната за туристите и ова место претставуваше скриено богатство.
Плажата е погодна за пристаниште на многу туристички бродови, истата е целосно песочна со ситни камчиња, а она што е карактеристично е преубавото тиркизно море.
Плажата Кејкубат е мирна плажа која се наоѓа на источната страна на полуостровот. Плажата е позната по ситниот песок и шеталиштето, како и отворениот фитнес центар, детскиот парк и можноста за бројни спортски активности.
Влезот во морето е главно песочен, а она што е карактеристично е што морето после неколку чекори станува длабоко.
На оваа плажа се наоѓаат лежалки, чадори, киосци за брза храна и клубови за водени спортови.
Кејкубат е плажа која е мирна, а на истата има доста спасувачки единици, такашто сите делови на оваа плажа се означени со Сино знаме, како доказ дека плажата и водата се чисти, уредедени и безбени за посетители.
Плажата Инченкум претставува рај за семејства со мали деца, таа е една од најдобрите плажи кои можете да ги најдете на турското крајбрежје, ако сакате со семејството да поминете мирен и опуштен одмор. Главна карактеристика на оваа плажа се ситниот песок како и прозирно чистата и плитка вода. Оваа плажа нуди многу содржини за најмладите, мирна е и безбедна, без премногу гужва, а се наоќа во близина на едно од најпопуларните туристички места на турското крајбрежје на Средоземното море.
Она што е карактеристилно за сите плажи во ова популарно летно одмаралиште се големиот број на содржини и многуте активности кои се за туристите - едрење, скијање на вода, нуркање...
Благодарение на кристално чистата и прозирна вода, пливајќи во оваа вода можете да очекувате да видите голдем број на билки и животински свет - корали, сунѓери, морски ѕвезди и различни риби....
Уште една атрактивност со која би се определиле за Аланија како место во кое би го поминале одморот е одлично опремениот аква парк, кој се наоѓа на 10-на минути од центарот на градот. Големиот комплекс на аква паркот во своите содржини нуди неколку базени, тобогани и многу содржини за најмладите.

КЕМЕР
Кемер е сместен во подножјето на планината Таурус, 40 километри западно од Анталија.
Кемер има типична медитеранска клима, топло, суво време и топло море. Има 33.000 жители, од кои 11.700 живеат во самиот Кемер, а други важни места се Белдиби, Гојнук, Камјува, Кириш и Текирова.

До раните 80-ти, ова место било рурална област, а денес игра многу важна улога во туризмот во Турција. Кемер бил познат и како Старо село. Во периодот од 1916-1917 г. година, бил изграден камен ѕид долг 23 км за да се канализира водата на планинскиот поток и да се заштити градот од поплави, што во тоа време било постојан проблем. Името Кемер се однесува на овие sидови. Исто така, може да се најде фактот дека името Кемер потекнува од турскиот јазик и значењето на зборот е појас.
До 1960 година немало патишта и можело да се пристигне само со брод. Патот е изграден во 1980 година.

Гојнук и Белдиби се наоѓаат северно од Кемер, додека Кириш, Камјува и Текирова се наоѓаат јужно од Кемер. Овие места претставуваат познати туристички дестинации кои нудат бројни хотели со нагласен комфорт и оригинални содржини, можност за добар шопинг со прошетка низ долгото шеталиште, излегување во некој од бројните ресторани или дискотеки и клубови.
Во близина на Кемер се наоѓаат остатоци од градот Фаселис во кој се сочувани споменици од римскиот период.
За љубителите на природа, препорачуваме прошетка до планината и Тахали, еден од највисоките врвови во планинскиот предел на Таурус, до кој може да се стигне со жичара за 20-на минути возење.

Кемер е важен туристички центар со голем број хотели и марина. Со подемот на туризмот, никнуваат згради, хотели и други компании. Богата е со продавници, ресторани, кафулиња, барови, пекари, продавници за сувенири и многу повеќе. Овозможува исклучителен ноќен живот со барови и клубови.
Улиците се широки, полни со цвеќиња, дрвја, зеленило и паркови. Во Кемер има пазар во понеделник и вторник. Тогаш локалното население купува производи за широка потрошувачка, овошје, зеленчук и други намирници. Кемер е одлична дестинација за летни одмори, како заради развиениот туризам, така и заради природните убавини.

Од една страна имате поглед на големиот Таурус, а од друга страна го имате едно од најубавите места за летување во овој предел.
Комбинацијата од планини и борова шума, кристално чистото море, лукскузни хотели и преубави камчести плажи, ќе придонесат да го поминете незаборавно вашиот одмор...

ПЛАЖИ ВО БЛИЗИНА НА КЕМЕР
Во Кемер има голем број прекрасни плажи. Двете најпознати плажи во Кемер се градот и плажата со камчиња. Покрај плажата има ресторани, кафулиња и чамци кои превезуваат туристи на екскурзии.

Некои од познатите и најубавите плажи во Кемер се:
- Плажата Сирали се наоѓа во близина на славниот Олимп, на 50 км од Кемер. Долга е 2 километри и одличен за одмор.
- Плажата Олимпос е позната по својот златен песок и е оддалечена околу 35 км од Кемер
- Плажата Адрасан е оддалечена околу 50 км од Кемер, а плажата е долга околу 2 км.
- Плажата Моонлигхт се наоѓа веднаш до марината. Таа е една од главните плажи во одморалиштето со златен песок и кристално чисто море.

БЕЛЕК
Белек е мало туристичко место на медитеранскиот брег во провинцијата Анталија во Турција, и има одлична позиција бидејќи се наоѓа на 36 километри од аеродромот во Анталија. Во ова туристичко место има многу луксузни хотели опркружени со густи борови шуми, со долги песочни плажи и претставува идеална дестинација за летен одмор.

Белек е општина во турската провинција Анталија. Претставува урбана целина во рамките на градот Серик. Плажата е долга околу 15 км. Песокот е златен, а морето е тиркизно сино и кристално чисто. Тој е еден од најголемите туристички центри во Медитеранот и претставува еден од центрите на турскиот туризам.. Во него се сместени над 30 феноменални и луксузни хотели со 4 * и 5 *.

Белек е погоден и за најмладите. Во неговата околина се наоѓаат неколку водени паркови, а најмногу привлекува Делфинариумот каде најмалите можат да си поиграат со делфините и да ги видат како функционираат заедно со луѓето.
Природата околу Анталија е погодна за многу екскурзии и авантури. Во пакет со Анталија не се добива само море, сонце и плажа, туку се добива и рафтинг, сафари и офф-роуд.

Белек нуди комплетно уживање за оние кои дошле во одморот да вкусат сè и да не останат никако незадоволени на крајот од летувањето. Белек е место кое нуди секаков вид на забава, авантура и одмор...

МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА БЕЛЕК
Белек е центар на голфот. Терените за голф на ова место се познати на сите љубители на овој спорт. Овде има терени за почетници и професионалци каде можат да играат.
Недалеку од Белек, има водопади Куршунлу, во кои живеат над 100 видови птици. Сместени се во истоимениот парк на реката Аксу. Идеален е за пешачење, релаксација и уживање во прекрасниот поглед на водопадите, а паркот е полн со дрвја и цвеќиња.
Аспендос е голем амфитеатар лоциран во Белек и прима 15 000 посетители. Ова е дело на архитектот Зенон и е изградено во 2 век. Тоа е архитектонско чудо полно со галерии, украси и акустика. Театарот е добро сочуван и денес е домаќин на бројни концерти во текот на летните месеци.

СИДЕ
Сиде е еден од најпознатите антички градови во Турција, сместен на мал полуостров во Средоземното море, на околу 75 киломтери оддалеченост од аеродромот во Анталија. Преубавата обала на Сиде и нејзините плажи го прават едно од омилените турски туристички места за летување.
Плажите во Сиде е песочни и се наоѓаат блиску до градот, познати се како источна и западна плажа. Источната плажа е омилена помеѓу љубителите на плитко море.
Сиде е приморски град кој се карактеризира по комбинација од древно и модерно време, што можете да забележите кога ќе се прошетате по главната улица, на која се наожаат продавници, ресторани и таверни во кои можете да пробате традиционални турски специјалитети, како и барови и дискотеки.
Во текот на вашиот одмор можете да го посетите и сочуваниот римски аквадукт кој некогаш користел за доток на вода од оддалечените брда или да се освежите во реката Манавгат под еден од најпознатите турски водопади...

КУШАДАСИ
Кушадаси – “остров на птиците“, името го добива по островот кој е во негова близина, а е поврзан со копното преку насипи. Камената тврдина која потекнува од 15в. и стои на средина на островот е заштитен знак на градот. Од полуостровот се гледа кон соседна Грција и островот Самос.

Кушадаси е популарна туристичка дестинација, како што е крајбрежната порта до Ефес, најпрометното пристаниште за крстарење во Турција. Како мешавина од знаменитости и амбиент на Бодрум и Мармарис, Кушадаси останува движечката сила зад егејската забавна дестинација. Од друга страна, ирските пабови, дискотеките секако создаваат незаборавна атмосфера.

Некогашното мало рибарско место - Кушадаси, денеска претставува бисер на ориентот и е еден од најпознатите туристички центри на Егејско Море. Големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот, гостопримливоста на локалните жители, благата медитеранска клима, неговите плажи (Long Beach, Ladies Beach и градската плажа) го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето и го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.
ПЛАЖИ ВО БЛИЗИНА НА КУШАДАСИ
Long Beach – долга 18км е една навистина долга песочна плажа распослана пред илјадници летни куќи во сопственост на локалното население. Со текот на времето и со изградбата на повеќе кафетерии таа е поделена на повеќе делови. Денеска само првиот дел, почетокот од плажата го носи името Long Beach. Ова е делот кој има најмногу активности. Еден од трите водни паркови на Кушадаси се наоѓа токму тука. Ресторани, кафулиња, водени спортови се достапни низ целата сезона, надополнети со кристално чистите води на Егејско Море, Ви гарантираат релаксиран и исполнет одмор. Се наоѓа на 8км од Кушадаси. Долмуш – Sahil Siteleri мини комбињата редовно циркулираат од градот до плажата низ целиот ден, на секои 15мин.
Градската плажа – сместена помеѓу пристаништето и марината, е многу популарна бидејќи е во близина на градот и на голем број хотели. Со прекрасен поглед на островот Пигеон и фамозните крстосувачки бродови кои се закотвени во пристаништето добивате идеално место за сончање и гледање низ светот. Опремена со лежалки, чадори, кафе бар...додека веднаш над патот има најразлични кафулиња, ресторани, продавници, сувенирници по должина на самиот булевар.

Да не ги заборавиме и: Diamond – Gold Beach, Silver Sand Beach, Paradise Beach, Love Beach, Kustur Beach, National Park Beach, секоја посебна на свој начин, но сите со една единствена карактеристика: чисти кристални води и златно ситен песок.

ЕКСКУРЗИИ ОД КУШАДАСИ
Ефес - Античкиот град Ефес кој се наоѓа во населеното место Селчук во близина на градот Измир и воедно е на списокот на светското наследство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО, годишно го посетуваат околу 1 милион домашни и странски туристи. Остатоците на античкиот град кој почнувајќи од предисторискиот период во текот на елинистичкиот период, Рим, Источен Рим и османскиот период бил користен како населено место во текот на приближно 900 години, се наоѓа меѓу значајните туристички дестинации кои се посетуваат. Ефес е познат како единствен град во историјата кој што бил изграден целосно од мермер и опстојувал како цивилизациски центар на античкиот период.
Куќата на Богородица во Ефес - Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите. Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги поминала во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција.
Приене, Милет и Дидим – Приене, некогаш бил пристаништен град, а кој денеска се наоѓа 16км од морето на ридовите на планината Микале. Редок пример на хеленистичка архитектура и уметност. Театарот во Приене е еден од најубавите во хеленскиот свет. Храмот Атина Полиа го реконструирал Александар Велики како подарок за градот. Античкиот град Милет кој некогаш бил еден од најголемите трговски градови во Анадолија, се наоѓал помеѓу многу трговски патишта и од оваа причина станал многу просперитетен. Имал повеќе од 90 колонии и бил еден од најбогатите грчки градови. Како главен трговски центар изобилувал и со култура, наука, философија и архитектура. Милет е родно место на архитектот на Аја Софија. Зборот Дидима значи близнаци и е поврзано со место за средби на Зевс и Лето каде што ги зачнале своите близнаци Аполо и Артемис. Дидима била позната како центар за пророштво посветен на Аполо, кој служел со слична цел како Делфи на Анадолија. Дури и се верува дека тука имало светилиште пред јонците да дојдат во 10в п.н.е. Храмот Аполо иако недовршен се сметал за еден од најголемите храмови на хеленистичкиот свет, споредлив со храмот Артемис во Ефес или Херајонот кај Самос. Овде ќе го видиме огромниот релјеф Медуза, кој стои покрај храмот, парче од 2в н.е.
Памуккале – необично природно и историско место со пенливо бели каскадни замоци и базени и една од најголемите атракции на Турција, уникатен во светот. Самиот збор Памуккале означува замок од памук. Заслепувачките бели варовнички замоци се формираат од варовничките термални извори создавајќи неверојатни формации на сталактити, дупки и катаракти. Водата на терасите е седимент на изворите со клациум бикарбонат и со температура од 33 степени. Водата која содржи главно соли на калциум и јаглерод диоксид, при истекот јаглеродот диоксид испарува додека калциумот се задржува и формира прекрасен пејзаж. Памуккале е создаден со оваа постепена формација, оставајќи слика слична на памук. Водата на Памуккале е позната по своите придобивки за очите и кожата, и лековита за болести како астма, ревматизам...
Хиераполис – Самото име Хиераполис означува свет, кој се верува дека бил основан од Аполон. Познат поради своите свети жешки извори, чија пареа е директно поврзана со Плутон, богот на подземјето. Ова е уникатна област за истражување на археолошкиот локалитет Хиераполис.
Аква паркови – Околу Кушадаси постојат неколку аква паркови, ние би издвоиле два: аква паркот на хотелот Aqua Fantasy и аква паркот Adaland. Било кој да го одберете, забавата е загарантирана за секоја возраст. Од најмалите до највозрасните.


АВИОН - ПОПУСТИ & ПРОМОЦИИ - FIRST MINUTE - LAST MINUTE

Со Чартер летови или редовни авионски конекции Ве носиме дирекно до Медитеранскиот брег на Турција. Резервирајте на време и искористете ги големите Early Booking попусти за рани резервации. Следете ја нашата понуда редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, "First Minute" или "Last Minute" акции!


Комплетна понуда all inclusive хотели лето 2025 Турција кликнете >>>

 

Прочитано 12928 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top