fbpx

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасиа е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.

Вила Савас се наоѓаат во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро познат Summer Beach Malibu.

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА СТУДИО, ТРИ ЛИЦА АПАРТМАН И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
ЦЕНИТЕ СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ДО 10% ПОПУСТ
ПРОМО ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ДО 10.03.2025

Термин Редовна цена / Промо цена
23.05-30.05.2025 129€ / 116€
30.05-06.06.2025 139€ / 125€
06.06-13.06.2025 159€ / 143€
13.06-20.06.2025 189€ / 170€
20.06-27.06.2025 209€ / 188€
27.06-04.07.2025 219€ / 197€
04.07-11.07.2025 259€ / 233€
11.07-18.07.2025 259€ / 233€
18.07-25.07.2025 259€ / 233€
25.07-01.08.2025 279€ / 251€
01.08-08.08.2025 279€ / 251€
08.08-15.08.2025 279€ / 251€
15.08-22.08.2025 259€ / 233€
22.08-29.08.2025 259€ / 233€
29.08-05.09.2025 219€ / 197€
05.09-12.09.2025 209€ / 188€
12.09-19.09.2025 189€ / 170€
19.09-26.09.2025 159€ / 143€
26.09-03.10.2025 129€ / 116€

Што е вклучено:
Автобуски превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
7 ноќевања
Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престоj

Не е вклучено:
Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
Туристичка такса (14 евра од студио/апартман, која се плаќа задолжително во агенција)
Факултативни излети
Патничко осигурување

Вила Савас се наоѓаат во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. Објектот има двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни мазонети. Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг.Климата се доплаќа 6евра од ден на лице место.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Остров Крф е место што вреди да се истражи. Нашиот тим организира екскурзии за подобро да го запознаете острово а во продолжение следува опис на истите...

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив. Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење со скара
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос (грчкото Малдиви), остров со уникатен бел песок, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови

Цените на екскурзиите ќе бидат објавени пред почетокот на летото.

 

 
Прочитано 4040 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 08.30 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top