fbpx

 АМУЛИАНИ

На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристиганете до прекрасниот Божествен остров - рајот на Халкидики – островот Амулиани. Со површина од само 4,5 км2 и со околу 600 жители, прекрасна тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади, повелете да уживате. Ценатарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба, гиро, кафетерии, продавници - супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и занимливости за најмалите-рент а кар услуги. На источната страна на островот се наоѓа градот Амулиани. Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи, но незаборавајте да ги посетите на источната страна: Мегали амос, Св.Ѓорги, Вавос, Елефант бич, на запаната и северозападната страна Фака, Карагација, Аликес бич и уште неколку други Божествени убавини.

Вила “ЕЛЕНИ“ е лоцирана во центарот на градот Амулиани. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер со комора и плотна со 2 рингли, ВЦ, клима уред и тв. Вилата има и безжичен интернет паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место.

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

Ценовник за наем на студио 7 ноќевања

Термин 30.05 6.06 13.06 20.06 27.06 4.07 11.07 18.07 25.07 1.08 8.08 15.08 22.08 29.08 5.09 12.09 19.09
СТУДИО 1/3
бр.6 и бр.7
макс. 3 ЛИЦА
239 249 329 399 479 509 559 599 599 599 599 599 569 489 399 329 269

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

50 € за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
10€ за возрасни – повратна карта;
7 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта

НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€=62 ден.);
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
- Кога има акциски попуст на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
- Студијата имаат крпи, тоалетна хартија и сапун

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ВИЛА “ЕЛЕНИ” АМУЛИАНИ-(ОПИС НА СТУДИЈА)
Високо приземје

СТУДИО БР.6 1/3 3 ЛИЦА
Студиото се наоѓа на високо приземје. Има еден брачен кревет и еден единечен кревет. Кујната е опремена со аспиратор, вградена плотна со две рингли, мал фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар, маса, ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на мала тераса и двор со маса и столици.


СТУДИО БР.7 1/3 3 ЛИЦА
Студиото се наоѓа на високо приземје. Има еден брачен кревет комотен и еден единечен кревет. Кујната е опремена со аспиратор, вградена плотна со две рингли, мал фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар, маса, ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на мала тераса и двор со маса и столици.

 

Прочитано 197 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top