fbpx

40.257722, 23.215028

25 % попуст за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.

Куќа “Anna” е лоцирана на oдлична локација, во центарот на Неа Флогита и на само 30 метри од прекрасната плажа. Располагаме со три многу пространи апартмани, од кои два се лоцирани на прв кат и еден на втор кат. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Апартманите имаат големи сопствени тераси со комарници, опремени со маса и столови. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Во близина на куќата има маркети, ресторани, таверни, сендвичари и продавници.

1/5 + 1 апартман бр. 1 – прв кат. Простран апартман кој располага со спална соба опремена со брачен кревет и сопствена тераса со поглед кон дворот. Располага со дневната соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ и клима уред. Во дневниот простор има еден брачен кревет со помали димензии, еден стандарден кревет и софа на пуштање. Од дневна соба се излегува на пространа тераса со поглед кон улица. Апартманот има сопствено купатило со када.

1/4 + 1 апартман бр. 2 – прв кат. Простран апартман кој располага со дневна соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ, клима уред и два стандардни кревети, со можност да се додаде дополнително легло. Од дневна соба се излегува на тераса со поглед кон улица. Во спална соба има брачен кревет. Апартманот има сопствено купатило со када.

1/4 + 1 апартман бр.3 – втор кат. Простран апартман кој располага со дневна соба и со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ, клима уред и два стандардни кревети во дневната соба, со можност да се додаде и дополнително легло. Од дневна соба се излегува на тераса со поглед кон улица. Во спална соба има брачен кревет. Апартманот има сопствено купатило со када.

1. Вонсезонски  цени

Термин
Ноќевања
1/5+1 апартман 1/4+1 апартман
бр.1 бр.2 и бр.3
задолжително плаќаат 3 лица задолжително плаќаат 3 лица
16/05-23/05 7 99 89
23/05-30/05 7 119 109
30/05-06/06 7 159 149
06/06-13/06 7 179 169
13/06-20/06 7 229 219
20/06-27/06 7 239 229

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице

2. Сезонски цени

Термин
Ноќевања
1/5+1 апартман 1/4+1 апартман
бр. 1 бр. 2 и бр. 3
27/06-04/07 7 739 699
04/07-11/07 7 799 759
11/07-18/07 7 859 819
18/07-25/07 7 859 819
25/07-01/08 7 899 859
01/08-08/08 7 899 859
08/08-15/08 7 899 859
15/08-22/08 7 859 819
22/08-29/08 7 859 819

 

Цените во табелата се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања без превоз

3. Вонсезонски цени

Термин
Ноќевања
1/5+1 апартман 1/4+1 апартман
бр. 1 бр. 2 и бр. 3
задолжително плаќаат 3 лица задолжително плаќаат 3 лица
29/08-05/09 7 239 229
05/09-12/09 7 219 209
12/09-19/09 7 149 139
19/09-26/09 7 109 99

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН/ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман бр 9, 16, 24 и 29 плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман бр. 28, плаќаат минимум 6 лица | 7-мо и 8-мо лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попуст и истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:

Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:

Скопје – хотел ‘Russia’
Куманово – БП Макпетрол (автопат)
Велес – БП Макоил
Неготино – БП Макпетрол Неготино
ГП Богородица

 

  • Локација:
Прочитано 10009 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-17.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top