На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристиганете до прекрасниот Божествен остров - рајот на Халкидики – островот Амулијани. Со површина од само 4,5 км2 и со околу 600 жители, прекрасна тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади, повелете да уживате. Ценатарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба, гиро,кафетерии,продавници -супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и занимливости за најмалите-рента кар услуги. На источната страна на островот се наоѓа градот Амулиани. Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи, но незаборавајте да ги посетите и плажиите: Мегали амос, Св.Ѓорги, Вавос, Елефант биџ – источна страна, на запаната и северозападната страна Фака, Карагација, Аликес бич.
Вила ЕЛЕНИ лоцирана е во центарот на градот Амулиани. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер со комора и плотна со 2 рингли. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Секоја соба има клима уред и тв. Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принцип прво слободно место.
Цените за дадените смени се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи
Користење на клима и WI-FI е бесплатно
НАПОМЕНИ:
- Минимум 48 часа пред патување патниците треба да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
Студијата имаат крпи, тоалетна хартија и сапун
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50€ за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35€ за возрасни или дете – карта во еден правец;
20€ за прв ред на седиште;
10€ за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште
ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
10€ за возрасни – повратна карта;
7€ за дете од 2 – 12 години – повратна карта
