Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското море, местото каде се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист кој ја посетил Парга, овозможувајќи да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација. Кога ќе прошетате во стариот град се чувствувате како да патувате во времето опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, писо Крионери во центарот на градот и плажата Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското море.
Вила “URANIA“- СТРАНИЧЕН ПОГЛЕД МОРЕ, лоцирана е во центарот на градот во Парга со прекрасен страничен поглед кон море од терасите. Се наоѓа веднаш до стариот музеј за производство на маслиново масло. Од плажа е оддалечена 300 метри. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, клима уред и тв и тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед кон морската шир. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место. Во близина има и платен паркинг.

ЦЕНИТЕ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 и 9 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ И WI-FI Е БЕСПЛАТНО
НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден.);
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
- Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
Апартманите имаат крпи, тоалетна хартија и сапун
ОПИС НА АПАРТМАНИ
1 кат
АПАРТМАН БР.1 (1/2+1) 2 ЛИЦА+1 ДЕТЕ ДО 12.ГОД
Апартманот се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет (или може да бидат два поединечни) комотен за спиење на 2 лица и може да се додаде еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 год. Има плакар за алишта,ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, ел.шпорет, голем фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед на море.
АПАРТМАН БР.2 (1/2+1) 2 ЛИЦА+1 ДЕТЕ ДО 12.ГОД
Апартманот се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет (или може да бидат два поединечни) комотен за спиење на 2 лица и може да се додаде еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 год. Има плакар за алишта,ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, ел.шпорет, голем фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед на море.
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
70 € за возрасни – повратна карта
50€ за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
