fbpx

Вила Вула е лоцирана на околу 50 метри од плажа во Лептокарија и на приближно 10 минути пешачење од центарот. Објектот е нов, изграден во 2020 година и располага со студија тип 1/3 и 1/4, сите опремени со кујна, ТВ и Wi-Fi.

Туристичката такса се плаќа во агенција – 2€ по ноќ од студио.
Користење на клима уред е со доплата 6€ на ден (се плаќа на лице место).

Опис на студијата
1/4 студио бр. 1 – сутерен: неколку скали под нивото на земја; има дел од дворот кој се користи како балкон, кујна во склоп на собата (решо + мал фрижидер), еден брачен кревет (грчки стандард) и кревет на спрат, WC, клима и ТВ.
1/3 студио бр. 2 – високо приземје: засебен влез, сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
1/3 студио бр. 3 – високо приземје: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
1/4 студио бр. 4 – прв кат: голем балкон со страничен поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети (грчки стандард), WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло (фотелја на расклопување).
1/3 студио бр. 5 – прв кат: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
1/4 студио бр. 6 – втор кат: голем балкон со страничен поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети, WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло.
1/3 студио бр. 7 – втор кат: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
1/4 студио бр. 8 – трет кат: голем балкон со поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети, WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло.

Early Booking попусти
10% попуст за резервации до 31.01.2026
Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање.
Попустот НЕ важи за ПРОМО цените.

Термин Ноќи 1/4 студио – сутерен 1/3 студио 1/4 студио 1/4+1 студио
24.05.2026 7 60 € ПРОМО 100 € ПРОМО 130 € ПРОМО 140 € ПРОМО
31.05.2026 7 115€ 175€ 195€ 205€
07.06.2026 7 170€ 240€ 270€ 280€
14.06.2026 7 200€ 270€ 300€ 310€
21.06.2026 7 240€ 310€ 340€ 350€
28.06.2026 7 290€ 350€ 380€ 390€
05.07.2026 7 330€ 390€ 430€ 440€
12.07.2026 7 360€ 450€ 470€ 480€
19.07.2026 7 370€ 460€ 480€ 490€
26.07.2026 7 390€ 470€ 490€ 500€
02.08.2026 7 390€ 470€ 490€ 500€
09.08.2026 7 370€ 450€ 470€ 480€
16.08.2026 7 330€ 440€ 460€ 470€
23.08.2026 7 300€ 380€ 400€ 410€
30.08.2026 7 250€ 330€ 360€ 370€
06.09.2026 7 230€ 260€ 270€ 280€
13.09.2026 7 150€ 210€ 240€ 250€
20.09.2026 7 130€ 150€ 170€ 180€

Цените во табелата се изразени во евра; плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 € = 62 ден.

За уплата на два последователни термини (еден по друг) се одобрува 5% попуст на вториот термин. Попустите не се комбинираат. Користењето на Wi-Fi интернет е бесплатно, но агенцијата не гарантира за јачината и стабилноста на сигналот.

Превоз
Агенцијата организира превоз со придружник – пратител на групата до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
За возрасни: 3.100 мкд (50 €) повратен билет / 2.480 мкд (40 €) во еден правец.
За деца до 12 години: 2.480 мкд (40 €) повратен билет / 2.170 мкд (35 €) во еден правец.
Деца до 2 години: бесплатно, без седиште.

Важни информации и услови
Термините во табелата се денови на започнување и завршување на аранжманот.
Апартманите не поседуваат крпи; за хигиената во текот на престојот се грижат самите гости.
За сигурна резервација се смета уплата на 30% аконтација при потпишување Договор за патување и целосна уплата најдоцна 15 ден пред започнување на аранжманот.
Преземањето на собите започнува најрано во 14:00 часот (локално време) првиот ден, а напуштањето е задолжително најдоцна до 09:00 часот последниот ден.
Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на легла, односно само лицата наведени на ваучерот.
Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер може да ги одбие дополнителните лица или да побара соодветен финансиски надомест.
Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред, сопственикот на вилата има право да ги отстрани без обештетување од агенцијата.
Сопствениците на објектот имаат право да ја наплатат евентуалната штета директно од клиентите.
Цените во табелите се конечни, без скриени трошоци.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните капацитети како Last Minute понуда; веќе потврдените резервации не подлежат на промена на цена.
Патниците се должни пред тргнување да ја проверат важноста на патните исправи и да обезбедат патничко-здравствено осигурување; недостаток на истите не е одговорност на агенцијата.

 

  • Локација:
Прочитано 221 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top