Неа Флогита се наоѓа на западниот брег на Халкидики, веднаш по Неа Мудања. Поради одличната локација и близината, претставува една од најпопуларните и најдостапни дестинации за летување. Местото располага со долга песочна плажа и чисто, плитко море – совршено за семејства со деца, но и за сите кои сакаат мирен и релаксирачки одмор. Покрај плажата се протега шеталиште со бројни таверни, кафулиња и барови каде можете да уживате во традиционална грчка кујна и прекрасни зајдисонца.
Локација: Вила Casa Bianca се наоѓа на околу 300m, од песочната плажа во Неа Флогита и на околу 400m од центарот и шеталиштето. –Целосно реновирана 2026година-
Сместување: Приземје, прв, втор и трет кат
Апартман 1/3+2 – опремена кујна, клик- клак кревет на спуштање , одделна спална соба со еден брачен и еден единечен кревет, ТВ, клима уред, бања, тераса. Собите се на приземје (бр.1 и 2)
Апартман 1/2+2– опремена кујна, клик- клак кревет на спуштање, одделна спална соба со еден брачен кревет, ТВ, клима уред, бања, тераса. Собите се на прв и втор кат. (бр.3,5,6 и 8)
Апартман дуплекс 1/4- опремена кујна, две спални соби од кои во едната има еден брачен кревет, а во другата соба има две единечни легла, ТВ, клима уред, бања, тераса. Собите се на втор кат (бр.7)
Студио 1/4- опремена кујна, два клик-клак кревети, ТВ, клима уред, бања, тераса со поглед на море. Студијата се на трет кат. (бр. 9 и 10)
Клима уредот е вклучен во цената.
Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.
Во склоп на објектот и ма WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност). Интернетот e достапен од 10 јуни до 20 септември.
Водата НЕ се пие.
Вилата нема сопствен паркинг.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО или АПП ЗА 7 НОЌИ.
Задожолжителна доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во агенција).
Превозот се доплаќа
Повратен билет 50€, Деца од 02-12 год. 40€
Билет во еден правец 40€, Деца од 02-12 год. 30€
Деца до 2 год. Бесплатно (без седиште) Бесплатно (без седиште)
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
НАПОМЕНА
Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
Секоја направена штета се плаќа на лице место;
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени.
Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст, на вториот аранжман.
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Задолжително патничко осигурување.
Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.
Наскоро фотографии од целосно реновираните апартмани …
