fbpx

D Stones Villas – Неа Флогита, Халкидики
Уживајте во мирен одмор, опкружени со природа, на само 200–250 метри од плажа!

Апартманскиот комплекс D Stones Villas се наоѓа во мирен дел на почетокот од Неа Флогита, опкружен со зеленило и приватни куќи. Новоизградените мезонети, уредени во традиционален стил со комбинација од камен и дрво, нудат совршен спој на природен амбиент, удобност и модерно опремување.

Секој мезонет е наменет за сместување на 4 лица и располага со два одвоени кревета на приземјето и брачен француски кревет на горниот кат, до кој се пристапува преку внатрешни скали.

На гостите им се на располагање комплетно опремена кујна со основни елементи за престој, сопствен тоалет, клима-уред и интернет, кои се вклучени во цената. Пред секој мезонет има пространа тераса – веранда со балдахини, идеална за утринско кафе или опуштање во пријатните летни вечери.

Комплексот располага со голем, заграден двор исполнет со зеленило, скара за користење од страна на гостите и приватен, затворен паркинг, што го прави одличен избор за семејства и пријатели кои сакаат мирен и удобен летен одмор.

Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место

Лето 2027 – Резервирајте навреме!

попусти до 20% за целосни уплати.

Изберете го вашиот термин и обезбедете си незаборавен летен одмор во Неа Флогита!

Цената е изразена по лице и вклучува 7 ноќевања и организиран превоз.

- Задолжителна уплата се врши за сите патници постари од 1 година кои престојуваат во собата.

Термин Ноќевања Плаќаат 1 и 2 лице Плаќаат 3 и 4 лице
22.5 – 29.5 7 149 65 x 2
29.5 – 5.6 7 169 65 x 2
5.6 – 12.6 7 199 65 x 2
12.6 – 19.6 7 239 65 x 2
19.6 – 26.6 7 279 65 x 2

 

 

Цената е за наем на апартман за 7 ноќевања.

- Се наплаќа целиот апартман, без разлика на бројот на лица кои престојуваат во него, дури и кога не се искористени сите кревети.

Термин Ноќевања Четирикреветна мезонета
26.6 – 3.7 7 659
3.7 – 10.7 7 699
10.7 – 17.7 7 779
17.7 – 24.7 7 829
24.7 – 31.7 7 899
31.7 – 7.8 7 899
7.8 – 14.8 7 899
14.8 – 21.8 7 839
21.8 – 28.8 7 799

 

 

Цената е изразена по лице и вклучува 7 ноќевања и организиран превоз.

- Задолжителна уплата се врши за сите патници постари од 1 година кои престојуваат во собата.

Термин Ноќевања Плаќаат 1 и 2 лице Плаќаат 3 и 4 лице
28.8 – 4.9 7 279 65 x 2
4.9 – 11.9 7 239 65 x 2
11.9 – 18.9 7 199 65 x 2
18.9 – 25.9 7 169 65 x 2

 

 

Напомени и услови:

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.

Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.

Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

За возрасни 3,720 денари (60 евра)

За деца до 11,99 години 2.790 денари (45 евра)

Тргнувањето од Скопје и Велес се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.

Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.

Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж организаторот не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 ноќевања.

За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.

При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Игуана травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

На денот на пристигнување, за гостите во куќите, придружникот ќе биде на располагање до 16ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.

Сликите кои се објавени на нашата веб-страната се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.

Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на агенцијата туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.

За информациите добиени од вработените во агенција, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации за капацитетите, агенцијата не може и нема да преземе одговорност.

Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.

Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место

Организаторот не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и на самата агенција.

 

 

Прочитано 34 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-17.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top