fbpx

Вила “Maria” се наоѓа на одлична локација во центар на Ханиоти, односно на самиот плоштад и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/2 - 1/3 студија со редовни легла како и 1/3+1 студио со три редовни легла и едно на извлекување (поставени нови душеци на секое легло во 2021). Сите студиа се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен   интернет, гардеробер, сушара, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња со поглед на плоштадот, кон многуте барови, ресторани, продавници. Студиата за две лица се наоѓаат на први и втори кат и имаат поглед назад, останатите студија поглед напред. Вилата е со одличен квалитет на сместување и локација.

EARLY BOOKING - Лето 2026
15% попуст за целосна уплата до 01.02.2026 | 10% попуст за целосна уплата до 01.03.26

"MARIA"
Ханиоти
термин
МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
16 23 30 6 13 20 27 4 11 18 25 1 8 15 22 29 5 12 19
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7
1/2 студио 105 125 145 175 205 245 445 485 525 565 565 565 565 565 525 265 235 205 155
1/3 студио 115 145 165 195 235 275 485 525 565 615 615 615 615 615 565 285 255 225 165
1/3+1 студио 115 145 185 225 265 295 505 545 585 635 635 635 635 635 595 305 275 235 175
опис на ценовникот цени по лице со превоз цени за наем на студио без превоз цени по лице со превоз

НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години - БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неотино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата (на автобуска постројка);
- Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
- Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

Автобуски превоз ХАНИОТИ, според термини од табелата Патни информации
Град на поаѓање Mесто на поаѓање Време на поаѓање Скопје - Ханиоти (340km)
Куманово: (бензинска Макпетрол - автопат) 04:15h
Скопје - Солун - Неа Модања - Калитеа - Ханиоти

Автопат (Е75)

Трошоци во еден правец:
Патерини во Македонија (430ден)
Патарини во Грција (2.30€)

Скопје: (пред хотел Континентал) 05:00h
Штип: (паркинг пред нова пошта) 05:00h
Велес: (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
Неготино: (бензинска, Макпетрол) 06:15h
Г.П. Богородица: (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
Поаѓање од Ханиоти: 14:10 по МК време / 15:10 по ГР време (на околу 100m од вилата)


  • Локација:
Прочитано 33 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top