fbpx

Хотелскиот комплекс „Манастир“, е основан во 2004 година. Берово и Малешевијата се мала територија, но во нив постои уникатна комбинација од изнвонредно сочувана природа, културно-историско наследство, етнографија, традиционална музика и ракотворби, сите овие елементи „Манстир“ многу вешто ги спакува и вклучи во својата понуда. Она што ние им го нудиме на нашите гости е сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинарење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, кајакарење на мирни води, излет со скара покрај езеро, оброк на бачило со три-вековна традиција…, тематски туризам-прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.


 

Информации: 
•Пријавувањето на гостите е по 14 часот 
•Одјавувањето на гостите е пред 12 часот 
•Цените се изразени во МКД 
•Цените се без туристичка такса 
Додатни плаќања: 
•Туристичката такса изнесува 40 МКД за едно лице, за една ноќ
•Доплата за Полу-пансион + 615 МКД за едно возрасно лице
•Доплата за Цел пансион + 1110 МКД за едно возрасно лице
•Едно дете до 5,99години е бесплатно 
•Едно дете од 6-11,99 години - 680 МКД 
•Две деца 0-5,99 години - 680 МКД 
•Доплата за трето лице во една сместувачка единица е 1.410 МКД
•Доплата за четврто/петто лице во една сместувачка единица е 1050 МКД

 

 

Прочитано 7661 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top