DIAMOND 4*
Хотел DIAMOND 4* се наоѓа во центарот на Сончев Брег, на околу 250 m од плажата. Хотелот е соодветен не само за семејства туку и за млади бидејќи е многу блиску до забавните случувања.
Петкатниот хотел DIAMNOD 4* има 284 двокреветни соби, 14 студија, 3 ВИП апартмани и три лифтови. Сите соби се централно климатизирани и се опремени со сопствено купатило со туш кабина, WC, фен, телефон, мини бар, сателитска ТВ и балкон.
Ресторанот има и отворена тераса и нуди повремени шоу готвење и тематски вечери.
Има голем надворешен базен со детски дел, како и бар покрај базенот. Лежалките за сонце и чадори за сонце на базенот се бесплатни. На располагање на гостите има и масажа, билијард, изнајмување велосипеди со доплата. На плажата се нудат различни спортски активности – одбојка на плажа, падобран на вода, сурфање на ветер, возење со банана на вода, лопатки на вода, едрење, јахти, чамци со весла, скутери, чамци за веслање итн. Има и солариум, сауна, турска бања, масажа со вода.
Хотел DIAMOND 4* располага со рецепција, менувачница, лоби бар, главен ресторан, кафуле, продавница, мни маркет, фризер, доктор, казино, СПА центар, сала, интернет сала, билијард, сефови на рецепција (со доплата).
ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01.2026
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 28.02.2026
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.03.2026
Цени за термини по типови простории за ALL INCLUSIVE
Цените се во евра по лице за 1 ноќевање на база ALL INCLUSIVE и вклучуваат :
- Користење на базен
- Лежалки и чадори покрај базенот
- Детско катче
- Анимација
- Капацитет на сместување:
- Двокреветна соба PROMO – 2 возрасни
- Двокреветна соба STANDARD – 2 возрасни + 1 деe до 11.99 год
- Двокреветна соба LARGE – 2 возрасни + 2 деца до 11.99 год или 3 возрасни
Попусти и доплати:
Дете до 1.99 години – бесплатно
Дете 2-11.99 години на дополнителен кревет со двајца или тројца возрасни – бесплатно
Второ дете од 2 -11.99 години на дополнителен кревет со двајца возрасни – 50% од цената за возрасен
Возрасен на дополнителен кревет во двокреветна соба – 30% попуст на регуларната цена
Плаќање 30% со направена резервација, а остатокот се доплаќа две недели пред датумот на сместување.
Во цените не е вклучено : патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден
Цените се во евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 62 мкд=1евро
