КИПАР ЛЕТО 2026
Авион 8 дена / 7 ноќевања
КИПАР е островска држава позната по својата богата историја, пријатна клима и прекрасни плажи. Островот спојува европска и ориентална култура, со антички локалитети, традиционална кујна и гостопримливи луѓе. Лоциран во Средоземното море и влијанитео на средоземната медитеранска клима се причина на Кипар да доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар, службени јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија е најголем град на островот и единственот во светот кој припаѓа на две држави...
Аја Напа е едно од најпознатите туристички места на Кипар, позната по кристално чистото море, песочните плажи и живиот ноќен живот. Особено омилен кај младите и љубителите на летната забава, градот е познат по својот динамичен ноќен живот, бројните барови и клубови, но истовремено нуди и прекрасни природни пејзажи, кристално чисто тиркизно море и одлични услови за одмор. Во околината има и културни знаменитости, како манастирот Аја Напа, како и можности за излети со брод и прошетки покрај морето. Во овој дел од Кипар се наоѓаат некои од најубавите плажи на островот. Овие плажи ја прават Аја Напа една од најатрактивните летни дестинации во Медитеранот.
Ниси Бич (Nissi Beach) познат по белиот песок, плитко море и жива атмосфера.
Макронисос Бич е помирна и идеална за семејства, со ситен песок и чиста вода.
Ланда Бич нуди повеќе тишина и природна убавина.
Грчка Беј (Grecian Bay) е одлична за оние што сакаат комфор и уредена плажа во близина на центарот.
1 ден СКОПЈЕ –– КИПАР
Состанок на групата на Скопскиот ареодром 2 часа пред лет. Полетување за Ларнакa во 16.20часот и слетување во 19.30часот. Организиран трансфер до хотелот во Аја Напа. Ноќевање.
2 ден – 7 ден КИПАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности.
8 ден КИПАР – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 14.20часот и слетување во 15.45часот.
Цената на аранжманот е по лице во двокревена соба, за услуга ноќевање со појадок.
Постои можност хотелот да се резервира и на база полу пансион.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
Авионски билет Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
Мала кабинска мека торба со димензии 40x30x20cm
Трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување во хотел 3*/ 4* на база 7 ноќевањa со појадок
Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)
Туристичка такса – се плаќа на рецепција во хотел.
Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
Условите за деца и трето возрасно лице побарајте ги во агенција.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Доколку патникот го откажува или менува терминот на поаѓање на истиот аранжман, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци во износ од 10 €/Евра, по пријава-договор.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на партнер агенција на Сама Холидеј.
