Hотел Unique e модерен и урбан хотел кој е сместен во срцето на градот Охрид. Локацијата на хотелот е една од поволностите што го одделува од останатите хотели во регионот. Сместен на брегот на Охридското Езеро, во близина на мостот Билјанини Извори, хотелот ви нуди природна средина. Оддалечен е на само неколку минути од центарот на градот. Луксузниот амбиент, како и уникатноста и смелоста на хотелот е нешто што веднаш ќе го забележите. Хотелот располага со 130 пространи и луксузно уредени соби, кои се уникатно опремени. Сите соби имаат балкони, ТВ, телефон, сателитски канали, сеф, клима, греење, минибар, купатила и бесплатен WiFi. Нивниот топол и модерен ентериер зрачи со пријатен амбиент за релаксирачки престој како и за дружење.
Цената вклучува туристичка такса, фитнес, спа центар (без масажа), детски клуб, Wi-Fi, отворен базен, паркинг.
➢ Доплата за вечера 17 € за возрасен по ноќ.
➢ Доплата за вечера за деца од 6-11,99 години е 8 € по ноќ.
➢ Политика за откажување:
до 7 дена - без казни;
помалку од 7 дена - 50% од износот;
3 дена пред пристигнување - 100% од износот.
