Хотел Sun Village 4*, се наоѓа на 3 минути пешачење од плажа и поседува соби со поглед на море и прекрасна сина гледка кон истото. Хотелот располага со 2 приватни базени и нуди бесплатно WiFi во внатрешноста на хотелот и во градините надвор.
Секоја од собите е опремена со ТВ, фрижидер, уреден балкон и биро и истите се со вградени клима уреди кои ќе ви помогнат да се разладите во топлите летни денови. Исто така поседуваат риватна бања со туш. Сеф е достапен само на барање со дополнителен платен надоместок за истиот.
Хотелот располага со свој ресторан, бар и сончева тераса. Рецепцијата е отворена и достапна за информации 24 часа за своите гости и клиенти. Во околината се достапни продавници и ресторани кои може да се најдат во рамки од 100м во близина на хотелот . Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.
ПОЛУПАНСИОН + АВИОНСКИ БИЛЕТ + ТРАНСФЕР
Во цената е вклучено:
- 7 ноќи во избран хотел на база полупансион
- Аеродромски такси
- Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје,
- Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
- Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
- Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
- Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
- Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air
Дополнителни информации:
- Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
- Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
- Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
- При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62МКД.
- Сите останати услови на патување важат според правилата на партнер агенција на Сама Холидеј
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:
1.Барселона Панорамика
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.
Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.
Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.
Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.
Цена на излетот: 65 €
Деца до 12 години: 35 €
2.Музеј Дали + Герона
Тргнување во утринските часови од Коста Брава.
Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.
Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.
Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.
По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.
Цена на излетот: 85 €
Деца до 12 години: 45 €
3.Аквариум Барселона- влезница 35 еур
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Готска Четврт – 35€
Деца од 2 до 12 години – 20€
