fbpx

Вила Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, ви-фи интернет. Студијата располагаат со клима уред кој може да се користи со доплата од 7 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје, прв спрат и втор спрат, од кои сите имаат тераса, освен 4 еко студија кои немаат тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

Постојат 3 типа на соби:
*Regular – стандардна соба со реновиран тоалет на прв спрат и приземје
*Economy – стандардни соби со класичен тоалет на втор спрат
*Economy Без Тераса – стандардни соби кои немаат тераса
GPS координати 39.706358636971466, 19.839586015373815

ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК:
Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20€ по лице.
Се што е обележано со црвено е распродадено

Термин: Тип соба Regular Economy Economy без тераса
25.05-01.06 1/2 89€ 79€ 69€
01.06-08.06 1/2 99€ 89€ 79€
08.06-15.06 1/2 109€ 99€ 89€
15.06–22.06 1/2 119€ 109€ 99€
22.06-29.06 1/2 129€ 119€ 109€
29.06-06.07 1/2 139€ 129€ 119€
06.07-13.07 1/2 159€ 149€ 139€
13.07-20.07 1/2 179€ 169€ 159€
20.07–27.07 1/2 179€ 169€ 159€
27.07-03.08 1/2 189€ 179€ 169€
03.08-10.08 1/2 199€ 189€ 179€
10.08-17.08 1/2 199€ 189€ 179€
17.08-24.08 1/2 199€ 189€ 179€
24.08-31.08 1/2 179€ 169€ 159€
31.08-07.09 1/2 149€ 139€ 129€
07.09-14.09 1/2 129€ 119€ 109€
14.09-21.09 1/2 119€ 109€ 99€

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 1.5 евро по соба на ден. Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
•За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)

НАПОМЕНА:

Вилата располага со простор за паркинг на две возила. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите
•Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
•Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Цена само за превоз 85 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
•Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
•Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
•Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
•Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
•Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
•Check in во собите е после 14h по грчко време
•Check out е до 09h. Багажот се остава во определен дел во куќата
•Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
•Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата
•Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
•Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
•Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди.
Во наша организација имаме неколку излети кои дополнително ќе бидат објавени

 

Прочитано 312 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top