fbpx

Diamond 4 apartments е комплетно нова вила, репрезентативна зграда која има сместувачки капацитети, односно апартмани во кои никој до сега не престојувал. Вилата се наоѓа во мирен дел на Никти, на само 350 m од центарот и исто толку оддалеченост од плажа. Се препорачува за луѓе кои сакаат мир, одмор, уживање. На располаѓање имате скара и останати реквизити за пријатен и исполнет престој.

Вилата располага со четворокреветни апартмани кои се наоѓаат на приземје или на прв кат. Апартманите лоцирани на приземје имаат пристап до ограден двор. Апартманите на првиот кат имаат свои приватни, многу пространи тераси. Сите апартмани се идентични. Имаат една спална соба со брачен кревет и можност за дополнително легло, дневна соба со комплетно опремена кујна и голема трпезариска маса со 4 столчиња. Во дневната соба има софа на извлекување на која може удобно да спие еден возрасен или две деца до 12 год. Двете соби, односно спалната и дневната имаат сопствена клима. Секој апартман има по два клима уреди. Кујната е опремена со комплетно нови садови, има рамна плоча со две грејни површини и аспиратор. Двете соби во апартманот имаат сопствен излез во дворот и сопствени тераси доколку се апартмани на прв кат. Бањата во апартманите е исто така комплетно нова и има туш кабина/тоалет, фен. Секој апартман има LCD, Smart ТВ и WIFI. На гостите им се даваат чисти крпи за употреба. Постелнината се менува на секоја смена. За време на престојот, гостите се одговорни за одржување на хигиената во сместувачките единици.

 

Термин од: Ноќевања APP 1/2+2+exb
26.05 7 280
2.06 7 350
9.06 10 650
19.06 10 800
29.06 10 1000
9.07 10 1200
19.07 10 1200
29.07 10 1200
8.08 10 1200
18.08 10 1200
28.08 10 850
7.09 7 600
14.09 7 480
21.09 7 420
28.09 7 280

Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 10.00 часот по локално време
Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа на лице место во вилата)
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Истите имаат пешкири, сапун, тоалет
Паркинг пред вилата
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;

Прочитано 551 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top