fbpx

Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила Раниа се наоѓа на 150м од плажа и на 300м од центарот на градот.
1/4 апп -број 4 (прв кат)-нема поглед. Две посебни соби. Едната е со брачен кревет, другата со два единечни. Посебна кујна и купатило.
1/4 апп -број 5 (прв кат)-нема поглед. Две посебни соби. Едната е со брачен кревет, другата со два единечни. Посебна кујна и купатило.
1/4 апп -број 9 (втор кат)-поглед море. Две посебни соби. Едната е со брачен кревет, другата со два единечни. Посебна кујна и купатило.
1/3 апп -број 7 (втор кат)-поглед море. Соба со брачен и единечен кревет. Посебна кујна и купатило.
1/3 апп -број 10 (втор кат)-нема поглед. Соба со брачен и единечен кревет. Посебна кујна и купатило.
1/5 дуплекс -број 11 (трет кат)-поглед море. Соба со два единечни кревети и уште една соба која е поврзана со кујната и има исто два единечни кревети, во дневната има еден единечен кревет.Помеѓу дневната и кујната нема врата. Големо купатило.

ТЕРМИН НАЕМ 1/3 апп 1/4 апп 1/5дуплекс
2.06 7 ноќи 320 € / 119€ по лице со превоз 370 € / 119€ по лице со превоз 410 € / 119€ по лице со превоз
9.06 7 ноќи 410 € / 129€ по лице со превоз 460 € / 129€ по лице со превоз 490 € / 129€ по лице со превоз
16.06 7 ноќи 450€ 490€ 510€
23.06 7 ноќи 490€ 530€ 580€
30.06 7 ноќи 510€ 550€ 610€
7.07 7 ноќи 560€ 590€ 660€
14.07 7 ноќи 630€ 690€ 750€
21.07 7 ноќи 630€ 690€ 750€
28.07 7 ноќи 630€ 690€ 750€
4.08 7 ноќи 630€ 690€ 750€
11.08 7 ноќи 630€ 690€ 750€
18.08 7 ноќи 590€ 650€ 710€
25.08 7 ноќи 510€ 580€ 660€
1.09 7 ноќи 400€ 450€ 510€
8.09 7 ноќи 320€ 370€ 470€
15.09 7 ноќи 270€ 320€ 360€
22.09 7 ноќи 230€ 250€ 290€

Во цената е вклучено
Наем на 7 ноќевања/8 дена
Wi fi интернет
Вклучена клима

Во цената не е вклучено
Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција
Здравствено и патничко осигурување

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ

Располагаме со 3 четворокреветни апартмани со две посебни соби, 2 трокреветни апартмани и 1 петокреветен апартман. Сите апартмани располагаат со комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, дел од нив се со поглед на море, дел со поглед на планина.http://raniahouse.gr/

НАПОМЕНИ: ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата.

 

 

Прочитано 662 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top