fbpx

СОРЕНТО

  • Понудата е објавена на 21/01/2019

Соренто – еден од најромантичните италијански градови. Позициониран во најубавиот дел од брегот на јужна Италија, посебен поради својата географска положба и карактеристичниот изглед на карпите на кои се наоѓа. Соренто го нарекуваат Сончевиот Град, со неверојатен воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, каде во подножјето свети бистрата тиркизна вода на Тиренското Море. Градот привлекува туристи од целиот свет, со единствениот поглед на зајдисонце и опојниот мирис на портокали и лимони.

Познат е по кристално синото и бистро море кое овозможува освежување на некоја од бројните плажи кои се микс од песок, камчиња и карпи. Ритамот на летото ќе го почувствувате во бројните модерно опремени барови на плажа во кои ќе можете да уживате.

Градот ќе ве освои со автентичната морска храна и чистиот медитерански воздух со мириси на лимон и маслинки. Ќе уживате во медитеранска паста во некој од бројните ресторани пред да се прошетате по монденското шеталиште исполнето со голем број на продавници на познати модни брендови како и барови каде ќе уживате во врвното италијанско кафе.

Соренто навистина претставува идеална почетна точка за истражување на овој дел од Италија и совршено исполнет одмор.
Соренто е одлично географски позициониран и поврзан со светски познатите гратчиња на Амалфи брегот (Costiera Amalfitana): Поситано, Амалфи и Равелло. Овој прекрасен дел можете да го посетите со брод, но и со автомобил или автобус. Подгответе се за спектакуларен поглед на Медитеранот и високи кривини од кои има феноменална панорама додека се возите.

Уживајте во пастелните бои на куќите и преубавата плажа како и морска храна во Поситано (наша препорака е Ла Маринелла, каде за неколку евра можете да уживате во домашна паста и морска храна), испијте кафе во спектакуларната розова палата “Palazzo Avino“ во Равелло, и посетете го преубавиот Амалфи каде сто се снимени бројни филмови во овој чудесен регион.

Капри “остров на љубовта”- Островот Капри е едно од најпознатите и најексклузивните одморалишта во светот заради својата преубава природа, азурната чиста вода, преубавите плажи, неверојатните погледи, лимоните, растенијата и дрвјата, погледите на “Фараглиони“ (На италијански – faraglioni, крајбрежни карпести формации еродирани од бранови), свежата морска храна како и лабораторијата на врвот на Капри каде сто се прават парфеми направени од цвеќињата и билките на островот. Можете да го понесете преубавиот мирис на Капри со Вас дома.

Патеките кон плажите се еднакво неверојатни, како и самите плажи, фантастичните вили, Италијанска елеганција на архитектурата.

Пробајте лимон сорбе сервиран во лимоните на Капри за само неколку евра, свежа домашна паста и морска храна во beach клубот Ла Фонтелина, spaghetti fritata на плажата Marina Piccola каде сто капењето е бесплатно.

Капри можете да го доживеете онака како што посакувате од елитни ресторани и бич барови па се до италијански сендвичи, овошје и пијалаци за само неколку евра во локалните супермаркети и уживање на една од бесплатните плажи кои што се еднакво сензационални: Marina Grande, Bagni di Tiberio, Marina Piccola или пак плажата AnaCapri.


Villa Giannina
Сместувањето е во Villa Giannina на околу 7 километри од центарот. Вилата има два спрата, голем убаво уреден двор со лимонови и маслинови дрвја. Собите се стандардно уредени со удобни кревети, балкон, ТВ, клима, сеф, пешкири, тоалет.

На неколку минути од вилата се наоѓа мал плоштад, црква, продавници, пекари, слаткарници, неколку плажи (со камчиња, карпи, со песок, и плажи со вулкански песок како Мeta di Sorrento). До центарот на Соренто се стигнува за околу 15 минути со автобус (автобусот доаѓа на секои 5-10 мин) од рано наутро до полноќ.

Термин 01.05-20.06
01.09-31.10
21.06-31.08
1/2 соба 1,115€ 1,200€
1/3 соба 1,480€ 1,605€

ЦЕНИТЕ  СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ  НА  СОБА ЗА  7 НОЌИ

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Check in - 14часот.
Check out - 11 часот.
Во склоп на објектот има WI-FI интернет (во фоајето). За брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Во цената не е вклучено:
Превоз
Осигурување
Факултативни излети

Превоз:
Сопствен превоз
Авионски превоз (информација за цени во агенција)
Напомена:
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62 ден.
Информации:
Превозот може да се организра на следниот начин:
Авионски билет со Wizz Air Скопје - Рим (Чампино) - Скопје.
Авионски билет со Air Serbia  Белград - Наполи - Белград.

Лежалки- околу 25€
Пијалоци- околу 4/5€
Сендвичи- околу 5€
Сладолед- околу 3€
Билет за автобус (Вила – Центар на Соренто)- околу 1€
Билет за брод до Капри- околу 50€

 

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top