fbpx

БАЛИ
АВИОН 12 дена /9 ноќевања

Патувањето нè води кон магичниот остров Бали, каде што егзотиката, духовноста и природната убавина се спојуваат во единствено доживување.
Патувањето продолжува кон Сингапур, каде што влегуваме во свет на модерна елеганција и урбана софистицираност.

1 ден 03.11 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанол на аеродромот во Скопје во 18.25, полетуваме лет кон Истанбул во 20:35 часот. Пристигнуваме во Истанбул во 00:15 часот после полноќ.

2 ден 04.11 ИСТАНБУЛ-ДЕНПАСАР (БАЛИ)
Полетуваме кон Денпасар во 01:55 часот. Пристигнуваме во Денпасар во 19:30 часот локално време. Трансфер do Нуса Дуа (Nusa Dua). Се сместуваме во хотел, слободно време.

3 ден 05.11 БАЛИ (PANDAWA BEACH –JIMBARAN BEACH)
Појадок во хотел. Во попладневните часови тргнуваме на кон Pandawa Beach – една од најубавите плажи на островот, позната по својот мирен амбиент, спектакуларна панорама и бел песок што нежно се спојува со тиркизните води на Индискиот Океан.
Потоа продолжуваме кон еден од најсветите и најимпресивни храмови на Бали – Uluwatu Temple. Зајдисонцето овде создава магична сцена, збогатена со присуство на мистичниот и светски познат Kecak Dance, традиционален танц кој раскажува древни легенди преку ритам, движење и глас. Се упатуваме кон Jimbaran Beach, каде нè очекува вечера (вклучена) со свежи морски специјалитети. По вечерата, се враќаме во хотелот. Ноќевање.

4 ден 06.11 БАЛИ (PENGLIPURAN – KINTAMANI – TEGALLALANG RICE TERRACE)
Појадок. По појадокот, тргнуваме кон уште една авантура, каде ќе се запознаеме со богатата балиска култура, преку традиционалната изведба на Barong and Keris Dance – впечатлив танц што ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото, длабоко вкоренета во локалната митологија. Потоа продолжуваме кон традиционалното село Penglipuran, кое нуди автентичен приказ на балискиот начин на живот, совршено вклопен со природата и мирната околина.
Следната станица е планинскиот регион Kintamani, од каде се отвора спектакуларен поглед кон Mount Batur и езерото Батур. Тука следи ручек (вклучен) во ресторан со панорамска тераса.
По ручекот ја посетуваме живописната област Tegallalang, позната по своите импресивни оризови тераси. По завршувањето на разгледувањето, се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.

5 ден 07.11 БАЛИ – НУСА ДУА (TAMAN AYUN – BEDUGUL – TANAH LOT)
Појадок. Се упатуваме кон Taman Ayun Temple, поранешен кралски храм, опкружен со мирни езерца со лотоси и уредени градини. Овој храм претставува симбол на балиската архитектура и духовност. Потоа продолжуваме кон планинскиот регион Бедугул и пристигнуваме до живописното езеро Lake Beratan, каде се наоѓа еден од најфотографираните храмови на островот – Ulun Danu Beratan Temple. Сместен на самото езеро и опкружен со свеж планински воздух, овој храм создава впечаток како да лебди на водата, нудејќи уникатна и романтична глетка што остава силен впечаток кај посетителите. По разгледувањето следи ручек. Во попладневните часови продолжуваме кон западниот брег на островот и го посетуваме легендарниот Tanah Lot Temple – храм драматично сместен на карпа покрај океанот. Ова место е совршено за уживање во зајдисонцето, кога боите на небото и океанот создаваат навистина магична атмосфера. Се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.

6 ден 08.11 НУСА ДУА - УБУД
Појадуваме и се одјавуваме од хотелот. Во договорено време, се упатуваме кон внатрешноста на островот, упатувајќи се кон културното срце на Бали – Ubud. По пат ја посетуваме живописната Tegenungan Waterfall, сместена во областа Кемухен, каде уживаме во свежината, зеленилото и природната убавина на еден од најпознатите водопади на островот. Пристигнувајќи во Убуд, продолжуваме со разгледување на Ubud Monkey Forest – мала тропска шума населена со мајмуни и богата флора, која нуди уникатно доживување во природна и духовна средина. Пауза за ручек во локален ресторан (вклучен). Потоа го посетуваме Ubud Royal Palace, поранешна кралска резиденција со традиционална балиска архитектура, која сè уште претставува симбол на локалната историја и култура. Разгледувањето продолжува со прошетка низ Ubud Art Market, живописен традиционален пазар во центарот на селото, каде може да се најдат рачни изработки, уметнички предмети и автентични сувенири. Во доцните попладневни часови (околу 17:00 часот), се сместуваме во хотелот во Убуд – Ubud Vilage Hotel 4* (или сличен). Слободна вечер за одмор. Ноќевање.

7 ден 09.11 УБУД (GOA GAJAH – TAMPAKSIRING)
Појадок. Нашата прва посета е Goa Gajah, познат како Храмот на слонот – мистичен археолошки локалитет со впечатлив влез и древни резби, кој со векови претставува место за медитација и духовно прочистување. Потоа продолжуваме кон уникатниот Gunung Kawi, еден од најзначајните археолошки споменици на островот. Пауза за ручек во локален ресторан (вклучен). Разгледувањето продолжува со посета на светите извори Tirta Empul Temple во Tampaksiring – едно од најсветите места на Бали. Храмот е познат по својата света вода, која локалното население ја користи за ритуали на прочистување на телото и духот, нудејќи силно духовно и културно искуство. Се враќаме назад во хотелот. Во вечерните часови следи слободно време. Ноќевање.

8 ден 10.11 ДЕНПАСАР (БАЛИ) – СИНГАПУР
Појадуваме и се одјавуваме од хотелот. Трансфер до аеродромот Денпасар за летот кон Сингапур. Пристигнуваме во Сингапур во попладневните часови. Трансфер до хотелот. Краток одмор во хотел. Се упатуваме кон познатата Orchard Road, срцето на градскиот живот, каде уживаме во светлата на метрополата, модерните излози и динамичната атмосфера. Можност за вечера, по која се враќаме во хотелот. Ноќевање.

9 ден 11.11 СИНГАПУР
Појадок. По појадокот, тргнуваме на целодневно разгледување на најпознатите знаменитости на Сингапур. Нашата прва станица е Merlion Park, симболот на градот. Продолжуваме кон импресивниот комплекс Marina Bay Sands и футуристичкиот Helix Bridge. Следи надворешна фото-пауза кај Gardens by the Bay, едно од најпрепознатливите места во Сингапур, познато по своите футуристички „Supertree“ конструкции. Разгледувањето продолжува со посета на Chinatown, каде традицијата и модерниот живот се спојуваат во живописна атмосфера, а потоа и Little India, шарен и енергичен кварт исполнет со мириси, бои и културна автентичност. Во попладневните часови следи трансфер до Sentosa Island, каде имаме слободно време за прошетка. Се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.

10 ден 12.11 СИНГАПУР
Појадok. Во попладневните часови, тргнуваме од хотелот и започнуваме со разглед на Сингапур. Нашата прва посета е Singapore Botanic Gardens, заштитени од УНЕСКО, каде уживаме во прошетка низ прекрасно уредени градини, тропско зеленило и мирна атмосфера во срцето на метрополата. Во вечерните часови пристигнуваме во Clarke Quay, живописна област покрај реката, позната по својата вечерна атмосфера, ресторани и барови. Овде има можност за опционална Singapore River Cruise (со доплата), која нуди поинаков поглед кон осветлениот град и неговите најпознати знаменитости од водата. Во вечерните часови се враќаме во хотелот. Ноќевање.

11 ден 13.11 СИНГАПУР - ИСТАНБУЛ
Појадok. Се одјавуваме од хотелот. Слободно време. За љубителите на култура и архитектура, препорачуваме посета на National Museum of Singapore – најстариот музеј во земјата, со современи, интерактивни поставки и елегантен амбиент. Во близина се наоѓа и National Gallery Singapore, сместена во импресивна историска зграда, посветена на модерна и современа уметност од Југоисточна Азија. Љубителите на технологија и иновации може да го посетат ArtScience Museum, каде уметноста, науката и дигиталните инсталации се спојуваат во уникатно визуелно искуство. Се враќаме во хотел. Трансфер до аеродромот во Сингапур, за предвидениот лет кон Истанбул во 23:25 часот.

12 ден 14.11 ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Пристигнуваме во Истанбул во 06:05 часот локално време. Кратко транзит време до поврзаниот лет кон Скопје во 08:55 часот. Во Скопје пристигнуваме во 08:25 часот, локално време.

попуст за ранa уплатa до 25.06: 2.499€ (154.940 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2.799 € / 173.540мкд

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
Авионски билети на релација Скопје-Истанбул-Бали/Сингапур-Истанбул-Скопје;
Рачен багаж (мал куфер) до 8кг и чекиран багаж (голем куфер) до 23кг ;
4 ноќевања со појадок во хотел Nusa Dua Beach Hotel 5*, Nusa Dua;
2 ноќевања со појадок во хотел Ubud Village Hotel 4*, Ubud;
3 ноќевања со појадок во хотел Orchard Hotel 5*, Singapore;
Сите трансфери според програмата;
Сите излети според програмата со локален водич;
Сите влезници според програмата;
4 ручеци во локални ресторани на Бали и 1 вечера во локален ресторан на Бали;
Туристички пратител на групата;

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка виза за еднокретен влез на Бали (посредува агенцијата): 70€;
Патничко осигурување;
Бакшиши за водич и возач;
Доплата за еднокреветна соба: 600€

НАПОМЕНИ:
За реализација на оваа програма е потребен минимум од 14 пријавени лица;
Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата, во случај на непредвидени објективни причини;
За резервација е потребна уплата од 30% од вкупниот износ и доплата на останатиот дел најдоцна до 30 дена пред патувањето;
Пакет аранжманот е изразен по лице, во евра, при уплата во денарска противредност по курс 1 EUR = 62 MKD;
За македонски државјани, потребно е претходно издавање на туристичка виза за влез на Бали, согласно следните услови и потребни документи:
· Валидна патна исправа, минимум 6 месеци;
· 1 електронска фотографија од фото студио, на бела позадина (пасошки формат, не постара од 6 месеци);
· Потврда од банка со расположливи средства од миниумум 2000USD.

Прочитано 2977 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top