fbpx

РИМ Термин 21 Октомври (автобуски превоз)

  • Понудата е објавена на 17/07/2026

21.10.2026 (среда) – Штип-Игуменица(Грција)-Бриндизи(Италија)

Поаѓање на групата од Штип во 11.00 часот. Патуваме од Игуменица до Бриндизи. Паузи за одмор, царински формалности. Пристигнување на пристаниште. Ноќно патување со фериброд-(користење на кабина со доплата). Ноќно возење.
22.10.2026 (четврток) – Бриндизи-Алберобело-Рим

Пристигнување во Бриндизи. Патуваме кон уникатното градче Алберобело-(гратис разглед без доплата), со околу 1000 ,, trullo‘’ куќички. Слободно време околу 2 часа. Поаѓање кон Рим, сместување во хотел после 19:00 часот. Ноќевање.
23.10.2026 (петок) – Рим

Појадок. Разгледување на градот со водич- (гратис без доплата)-(патуваме со автобус)- Антички Рим: Колосеумот, Римски Форум, Форум на цар Трајан, Капитол, Плоштадот Венеција, Фонтана Ди Треви,итн. Враќање во хотел. Ноќевање.
24.10.2026 (сабота) – Рим-Ватикан

Појадок. Факултативна посета на Ватикан со Ватикански водичи-(патуваме со автобус)- (патниците кои нема да ја користат оваа факултатива остануваат слободни и не се обврска на генцијата), разглед со водич на Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, катедралата Св.Петар. Индивидуално прошетка низ центарот на Рим. (Посетата на Ватикан се закажува и го одредуваат терминот и часот на нашата посета според гужвата тој ден и слободните Ватикански водичи). Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
25.10.2026 (недела) – Рим-Тиволи

Појадок. По појадокот, во раните утрински часови патуваме кон Тиволи,(патниците кои нема да ја користат оваа факултатива остануваат во градчето Тиволи да ја чекаат групата да завршат со предвидениот разглед)-факултативна посета на Тиволи и прекрасните илјада фонтани. Поаѓање во попладневните часови. Пристигнување на пристаниште. Патување со фериброд-(користење на кабина со доплата). Пауза за царински формалности. Ноќно патување со фериброд.
26.10.2026 (понеделник) -Штип
Пристигнување во Игуменица. Пауза за царински формалности. Продолжуваме кон Македонија. Пристигнување.

Цена: 22.940 мкд. – (370 евра)

Во цената се вклучени следниве услуги:
• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација карта за брод Игуменица-Бриндизи-Игуменица во удобни седишта, слободен избор -(доплата за кабина 50 евра во еден правец по особа)

• 3 ноќевање со појадок во хотел 3* во околината на Рим
• Разглед на Рим со водич-гратис од агенцијата-без доплата

посета на Алберобело-гратис од агенцијата-без доплата
организиран превоз до центар два дена
• Организација и водство на патување (пратител на групата)


Во цената не се вклучени следниве услуги:
-хотелска туристичка такса 5 евра од ден (5 х 3 дена = 15 евра)-(задолжително)
• посета на Ватикан 70 евра (превоз, влезница со најава без чекање ред неколку часа, водич,)

посета на Тиволи-(превоз,влезница,водич)-35 евра
• влезници за посета на локалитетите-индивидуално во слободно време
• Задолжително групно здравствено и патничко осигурување 300 мкд.-(наплата во агенција)
–(ако патникот има осигурување треба да го носи зошто се бара за фериброд)

Напомена-

-програмата може да се промени според предвидените посети и разгледи тој ден, зависно од закажувањето на Ватикан и терминот кој ќе ни го дозволат од Ватикан(во целост сите запишани посети и разгледи ќе се реализираат само може да бидат друг ден)

-за посета на Ватикан е задолжително да се пријавете најмалку 20 дена пред поаѓање или на денот на резервацијата да ни потврдете поради закажување термин

-наплата за туристичка такса, Ватикан и Тиволи е во автобусот во тек на патување, на водичот

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.00

Top