Детали за турата
период 17.10.2026-24.10.2026
Локација
Милано – модерна метропола на северна Италија, позната по економијата и модната индустрија. Градот нуди динамичен урбан живот и многу можности за културни и деловни активности.
Џенова – приморски град на северозападна Италија со богата историја и тесни, живописни улици. Морската атмосфера и пристаништето ја прават градската средина посебно привлекувачка.
Ница – бисер на Француската ривиера, со прекрасни плажи, средоземноморска атмосфера, култура и гастрономија, идеален за прошетки, уживање во море и автентично француско искуство.
Антиб – шармантен приморски град на Француската ривиера со живописни улици, марини со јахти и музејот на Пикасо, идеален за прошетки и уживање во средиземноморската атмосфера.
Марсеј – најстарото пристаниште на Француската ривиера е совршено место за прошетки, култура и средоземноморски пејзажи.
Барселона – живописен град каде што уметноста, архитектурата и медитеранскиот дух се спојуваат во едно незаборавно искуство.
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.Директен лет од Скопје до Милано со авиокомпанијата WIZZ AIR во 18:10ч. Пристигнување во Милано во 20:10 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот во Милано. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана посета на Милано: замокот Сфорца, плоштадот и катедралата Дуомо – најголемата готска катедрала во светот, галеријата Виторио Емануеле – првиот трговски центар, Ла Скала операта. Поаѓање за Рапало (околу 3 часа). Краток разглед (околу 30 мин). Поаѓање за Санта Маргарита Лигуре. Краток разглед.(Опционално посета на Портофино со локален превоз 10€ по лице). Враќање во Санта Маргерита Лигуре. Поаѓање кон Џенова. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Џенова: палатите на улицата Via Garibaldi, Piazza de Ferrari – главниот плоштад, Carlo Felice Theater, Via Balbi – историска улица со импресивни барокни палати, Palazzo Reale - кралската палата, катедралата Sаn Lorenzo, пристаништето. Поаѓање за Вараце (околу 40 мин.). Краток разглед (околу 30 мин.). Поаѓање за Санремо (околу час и половина). Краток разглед (околу 1 час). Поаѓање за Вентимиља (околу 30 мин.). Кратка прошетка во Вентимиља. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање за Мантон (околу 30 мин.). Краток разглед (30 мин.). Патувањето продолжува за Монте Карло (околу 20 мин.). Разглед на Монте Карло: стариот историски дел, океанографскиот музеј, Saint Martin паркот, резиденцијата на монаршката фамилија Грималди, променадата Albert I, каде се оддржува Formula 1, плоштадот Казино. Поаѓање за Ница (околу 40 мин.). Разглед на Ница: националниот театар и плоштадот Грибалди, стариот град, катедралата во Ница, плоштадот на Правдата, Англиското шеталиште – едно од најубавите на Медитеранот, каде што се наоѓаат едни од најлуксузните хотели како Westminster, Hotel Royal и Negresco, Булевар на Павилјонот – познат по луксузни продавници, хотели и ресторани, плоштадот Масена. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден
Појадок. Поаѓање за Антиб (околу 30 мин.). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), познат по луксузното пристаниште. Поаѓање за Кан (околу 40 мин.). Краток разглед на Кан (околу 1 час.), градот на модата и кинематографијата. Поаѓање за Сен Тропе (околу 2 часа). Краток разглед на градот (околу 1 час и 30 мин.), познат по своите плажи и луксузни резиденции. Поаѓање за Касис (околу 2 часа.). Панорамски разглед на овој провансалски град со пристаниште и карпести заливи. Поаѓање кон Марсеј (околу 50 мин.). Сместување во хотел. Ноќевање.
6 ден
Појадок. Организиран разглед на Марсеј: старото пристаниште, дворецот со фонтански комплекс Лонгшамп.( Опционално - Notre Dame de la Garde – катедрала на највисоката панорамска точка во градот,се оди со градски панорамски воз 13€ по лице.) Заминување за Перпињан. Патувањето трае околу 4 часа . Сместување во хотел. Ноќевање.
7 ден
Појадок.Посета на главните споменици: Средновековната порта Le Castillet , катедралата Saint Jean Baptiste , дворот Campo Santo, центарот на Стариот град, Кралската палата на Мајорка, Плоштадот на Републиката итн. Поаѓање за Жирона. Патувањето трае 1 час. Посета на спомениците: Passeig de la Muralla, катедралата во Жирона, Ајфеловиот мост, Шарените куќи на Оњар и Стариот кварт на Ел Кол. Патувањето продолжува кон Барселона. Пристигнување во Барселона. Сместување во хотел. Ноќевање.
8 ден
Појадок. Посета на спомениците во Барселона: Las Ramblas, Mirador de Colom, Plaça Catalunya - централниот плоштад. Passeig de Gracia, Casa Batlló, Casa Amatller, Casa Milà (La Pedrera),, Готскиот кварт - палатата на каталонската музика, плоштадот Placita de la Seu, катедралата Saint Eulalia. Трансфер до аеродормот . Поаѓање за Скопје во 21:35. Пристигнување во Скопје во 00:20
Цена по лице 749 €
Вклучено
Авионска карта на релација Скопје – Милано и Барселона - Скопје со Wizzair
Аеродромски такси
Бесплатен багаж 40 x 30 x 20 cm
7 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
Претставник на македонски јазик
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
Не е вклучено
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
Влез во туристичките знаменитости и музеи
Факултативни излети
Останати трошоци кои не се спомнати
Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Напомена
. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Информации за патување
Потребни документи за патување
Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
Авио билети и ваучер во печатена форма
Задолжително онлајн чекирање на авионските карти за сите патници што патуваат со SunExpress. Инструкции тука
Останати информации за патување
Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
Дозволен чекиран багаж: еден куфер до 20 кг по лице и рачен багаж до 7 кг по лице
За влез во Египет потребна е виза која се добива на аеродром во Хургада и чини $30 по лице
На излез од аеродром патниците ги пречекуваат претставници на Фибула и ги упатуваат на трансфер
Во автобус патниците добиваат брошура со датум и време за состанок со водичот, како и телефонски број за контакт
Информативниот состанок со водичот е задолжителен за сите, за информации за дестинацијата, факултативните излети, асистенција, и повратниот лет
Ваучерот од Фибула се приложува во хотел. Патниците треба да добијат исти тип на соба и услуга како што е наведено во ваучерот
Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
Информација за трансфер до аеродром достапна на рецепција или по порака последниот ден
Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
Секој багаж треба да биде означен со име и презиме
Општи услови за европски дестинации со WizzAir
Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 100%
Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел
