Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
Поаѓање во 00:00 часот од паркингот пред пошта на Железничка, состанок на групата во 23:45 часот. Следува ноќно патување со попатни паузи за одмор и завршување на царинските формалности.Пристигнување во манастирот во утринските часови. Присуство на утринската молитва, по што следува можност за индивидуална посета на испосницата на Св. Зосим, која се наоѓа на околу 800 метри од манастирот. Во договорено време со групата, сместување во апартмани. Во текот на денот е предвидена можност за индивидуална посета на Голубачката тврдина, како и слободно време за одмор и лични активности. Ноќевање.
ВТОР ДЕН
По утринското напуштање на апартманите, групата се упатува кон Сребрено Езеро. Следува пријатен престој покрај езерото со слободно време за прошетка, разгледување и уживање во природата, како и можност за индивидуален ручек.Поаѓање кон Скопје е предвидено во 17:00 часот.
Во цената е вклучено:
Превоз на наведената релација
1 ноќевање во апартмани во Сребрено езеро
Организација и водство на патувањето
Посета на манастир Тумане
Посета на Сребрено Езеро
Во цената не е вклучено:
Влезница за Голубачката тврдина
Индивидуални трошоци
Цена: 3.600 мкд
Информации и резервации
Телефон 043 231 221
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
