fbpx

Крстарење – Idyllic Aegean од Солун /4 Термини Март ,Април

Програма за патување
Поаѓање од Скопјe
Состанок на групата во 07:00 часот, на однапред договорено место. Поаѓање за Солун, Грција, со организиран трансфер од Скопје, со кратки попатни паузи.

1 ДЕН | Солун | Испловување во 19:00 часоt
Од 13 до 17:00 часот чекирање – Бродот испловува во 19:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината – Солун. Вечера на брод, Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.

2 ДЕН | Кушадаси | Испловување во 19:00 часот
Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 13:00. Ручек. Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси. Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија посета на Ефес или некои други. Враќање на бродот во 18:00 часот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит.

3 ДЕН | Крит | Испловување во 19:00 часот
Пристигнување во Крит – Ираклион во 08:00. Појадок. Во Ираклион ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос. Можност за резервација на некои факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање од Крит во 19:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.

4 ДЕН | Санторини | Испловување во 00:30 часот
Пристигнување во Санторини во 07:00 часот. Појадок. Можете да се пријавите за неколку различни факултативни екскурзии на овој прекрасен вулкански остров , место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи. Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера на брод. Бродот испловува во 00:30 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос.

5 ДЕН | Миконос | Испловување во 02:00 часот
Пристигнување во Миконос во 08:00 часот. Појадок. Организиран превоз до градот. Градот Миконос или Хора мами со својата убавина, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Oстров на ветровите”, препознатлив по своите бројни ветерници од 16ти век. Живописниот остров Миконос е примамлив со своите песочни плажи, кристално чистата вода, културни историски споменици кои можеме да ги видиме и доживееме ако одбереме некоја од факултативните екскурзии. Може да уживате во бројните музеи, кафулиња, барови или во клубовите со целодневни забави. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 02:00 часот по полноќ. Ноќевање и крстарење до Милос.

6 ДЕН | Милос | Испловување во 19:00 часот
Пристигнување во Милос во 09:00 часот. Појадок. Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското море со извонредни бои и мистика. Овде ќе уживате во најубавите плажи, кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја. Можност да дознаете многу повеќе ако искористите некоја од понудени екскурзии. Ручек и вечера на брод. Ноќевање и крстарење до Атина.

7 ДЕН | Атина | Испловување во 17:00 часот
Пристигнување во Атина во 07:00 часот. Појадок. Ова е претпоследна станица од нашата поморска авантура. Најфасцинантен град во светот, град на историјата, испреплетен и создаден од митови и легенди во срцето на античка Грција. Синоними на градот се Акрополис и Партенон. Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа. Ручек и вечера на брод. Багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж неопходен за наредниот ден. Ноќевање и крстарење до Солун.

8 ДЕН | Солун
Пристигнување во 11:00 часот во Солун каде завршува ова преубаво крстарење. По одјавување од бродот , се упатуваме кон Македонија во 12:00 часот со организиран трансфер.

 

Крстарење - Idyllic Aegean од Солун
Поаѓање 07.04.2024
Денови 8
Цена од €439

Крстарење - Idyllic Aegean од Солун
Поаѓање 14.04.2024
Денови8
Цена од €469

Крстарење - Idyllic Aegean од Солун
Поаѓање 21.04.2024
Денови 8
Цена од €469

 

Во цената се вклучени следните услуги
7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 еур
Забава на брод со безброј разни активности и анимации
Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците
Бонус 75€ по човек за користење екскурзии
Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот
Не е вклучено
Претставник на патувањето (доколку се оформи група над 30 патници)
Медицински услуги
Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот
Услуги во спа центарот и салон за убавина
Патничко осигурување
Факултативни излети
Паркинг 
Интернет е со доплата (1h-7евра, 3h-16евра, 6h–25евра)

Сместување
Внатрешна кабина ( Cat/IA ) без прозорец: од €5̷9̷9̷ ➜€399
Кабина со окно ( Cat/XA –XBO ): €859
Кабина со прозорец ( Cat/XB ): од €899
Дете до 2 години плаќа €289 (пристанишни такси)
Цена за дете од 02 до 11 години за сместување во која било кабина изнесува од €519
Цена за сместување во еднокреветна, трокреветна или четворокреветна кабина е достапна на барање

Важни информации
Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00 по локално време
За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
За резервација задолжителна е уплата од 250 € депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
За овој аранжман важат општите услови на патување
За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
Сите горенаведени цени може да подлежат на промени
За сите информации околу екскурзиите кликнете ТУКА

 

Прочитано 796 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top