Сместено на североисточната страна на Копаоник, на околу 1.100 метри надморска височина, Брзече е едно од најубавите планински места за одмор во текот на целата година. Познато по чистиот планински воздух, нетакнатата природа и погледите кон снежните врвови, Брзече е совршена дестинација за љубителите на природа, авантура и релаксација.
Деца од 5 до 9 години: Плаќаат 185 € ги користат услугите на хотелот и превоз
Доколку се користи додатна услуга за + ноќевање во хотел – на барање
30.12.2026 Скопје - Копаоник
Состанок на групата од пред Дрво Декор во 06:00 часот. Поаѓање кон Kопаоник во 06:30 часот со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот.Ручек. Слободно време за индивидуални активности во Брзече.Вечера.(шведска маса).Ноќевање.
31.12.2026 Копаоник
Појадок. По појадокот за љубителите на зимскиот спорт имаат можност за факултативно посета на скијачките центри каде се познатите кафулиња, салаши и ресторани. Заминување кон Копаоник и запознавање со нивните убавини. Факултативен превоз со шатл-бус до центарот на Копаоник. Во договор со Водичот враќање во хотел. Слободни активности и одмор. Од 21:00 часот започнува Програмата со Свечена вечера, музика и забава со локален бенд до доцните вечерни часови.Ноќевање.
01.01.2027 Копаоник
Појадок. По појадокот,Слободни активности и заминување до скијачките центри со шатл бус. Уживање во убавините на Копаоник.. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време. Во вечерните часови реприза на новогодишната ноќ. Свечена вечера и музика. Ноќевање.
02.01.2027 Копаоник-Скопје
Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување.Попатни паузи за одмор и царински формалности. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.
Во цената е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус
Oрганизација и водство на патувањето и пратител
2 свечени вечери (31.12.2026 и 01.01.2027 со музика)
Трансфер со шатл бус до скијачкиот центар Копаоник на 01.01.2027
2 полни пансиони на база појадок, ручек вечера i 1 полупансиони појадок и вечера
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса се плаќа на рецепција 0.85 € од ноќ
Трансфер со шател бус до скијачките центри на Копаоник на 31.12 - 5€
Патничко осигурување – 5 € до 62 години
